Баден-Виртемберг () — сојузна покраина во југозападна Германија, источно од горниот тек на реката Рајна. Ова е трета по големина покраина (по површина и по население) од вкупно шеснаесетте покраини, со површина од и 10,7 милиони жители. Главен град е Штутгарт.
Географија
Покраината граничи со Швајцарија на југ, со Франција на запад и со германските покраини Рајнска област-Пфалц, Хесен и Баварија.
Поголеми градови во Баден-Виртемберг се Штутгарт, Манхајм, Карлсруе, Фрајбург, Хајделберг, Хајлброн, Лудвигсбург, Улм, Тибинген, Пфорцхајм и Ројтлинген.
Реката Рајна ги образува западната, како и поголеми делови од јужната граница. Шварцвалд (герм. Црна Шума) — главниот планински венец на покраината, кој започнува од исток од долината на Рајна. Баден-Виртемберг ги дели Боденското Езеро и ограноците од Алпите со Швајцарија.
Дунав извира од Баден-Виртемберг, во близина на градот Донауешинген, кај месноста Фуртванген на Шварцвалд.
Административна поделба
Баден-Виртемберг е поделен на 35 окрузи, групирани во четири административни подрачја (владини окрузи): Фрајбург, Карлсруе, Штутгарт и Тибинген.
Алб-Дунав Беблинген Биберах Боденско Езеро Брајсгау-Горен Шварцвалд Валдсхут Гепинген Емендинген Енц Еслинген Зигмаринген Источен Алб<li> Калв <li> Карлсруе <li> Констанц <li> Лерах <li> Лудвигсбург <li> Мајна-Таубер <li> Некар-Оденвалд <li> Ортенау <li> Равенсбург <li> Рајна-Некар <li> Раштат <li> Ремс-Мур<li> Ројтлинген <li> Ротвајл <li> Тибинген <li> Титлинген <li> Фројденштат <li> Хајденхајм <li> Хајлброн <li> Хоенлое <li> Цолерналб <li> Шварцвалд-Бар <li> Швебиш Хал
thumb|300px|right|Кампањски леток. Текстот вели: "Ние можеме да правиме сѐ - со исклучок да „зборуваме стандарден германски“; Ова е алузија на фактот дека многу жители на Баден-Виртемберг зборуваат многу различни регионални дијалекти
Исто така постојат и девет слободни градови кои не припаѓаат на ниту една област:
Баден-Баден Фрајбург Хајделберг Хајлброн Карлсруе Манхајм Пфорцхајм Штутгарт Улм
Историја
Сојузната покраина се состои од историските држави Баден, Хоенцолерн и Виртемберг.
По Втората светска војна, сојузниците воспоставиле три единици: Виртемберг-Баден (окупиран од САД), Виртемберг-Хоенцолерн (Франција) и Баден (Франција). Во 1952 година, овие единици се спојуваат со што ја образувааат денешната Баден-Виртемберг; Уставот од 1949 содржела специјална клаузула (Член 118) која го овозможила спојувањето на единиците.
Наводи
Надворешни врски Службен портал на Баден-Виртемберг Повеќе податоци за Баден-Виртемберг
Категорија:Сојузни покраини во Германија Категорија:Држави и територии настанати во 1952 година