Критското востание или Големата критска револуција (грчки: Κρητική Επανάσταση του 1866) претставувало тригодишно востание на Крит против Османлиското Царство и власт во периодот од 1866 до 1869 година.

Заднина

Во времето на Грчката војна за независност бил зафатен и островот Крит но и покрај успесите во селата на крајот од војната островот останал египетска провинција како вазалство на Османлиското Царство. Во 1840 година Крит бил вратен под директна контрола на Османлиите по неуспешното востание на островот кое било поддржано од Грција. По востанието од 1858 година во Крит биле донесени некои привилегии на христијаните како еднаквост меѓу народот, право на вероисповед.J. Tulard, Histoire de la Crète, p. 114., образование и имотDetorakis, History of Crete, p. 328..

Тек на востание

Востанието било објавено официјално на 21 август 1866 година. Во почетокот востаниците успеале да се стекнат со контрола на голем дел од островот. Во ноември 1866 година голема отоманска војска започнала со опсада на манастирот Аркадиј кој служел како седиште за бунтовниците. Во манастирот се наоѓале 259 востаници и околу 700 жени и децаT. Provatakis, op. cit., p. 68.. По неколку денови борба Османлиите влегле во манастирот и ги убиле поголемиот дел од луѓето а оние кои останале живи биле депортирани. Овој настан предизвикал големо внимание кај Западна Европа и Северна Америка.

Христијанските востаници по овој настан побарале помош од САД, а Американците ги подржиле. Во 1868 година прашањето заз независност на Крит било упатено во Претставничкиот дом, но било одлучено да не се интервенира во внатрешните политики на Османлиското Царство.

Востанието завршило кога на островот пристигнал големиот везир Мехмед Емин Паша и издал закон според кој била дадена контрола на локалната администрација на христијаните од Крит.

Наводи

Категорија:Судири во 1866 година Категорија:Судири во 1867 година Категорија:Судири во 1868 година Категорија:Судири во 1869 година Категорија:Европа во 1866 година Категорија:Европа во 1867 година Категорија:Европа во 1868 година Категорија:Европа во 1869 година Категорија:Грција во 19 век Категорија:Востанија против Отоманското Царство Категорија:Отоманското Царство во 19 век Категорија:Отомански Крит Категорија:Грчко-турски односи