Никола Ѓурѓиќ (роден 1 април, 1986 во Пирот) — српски фудбалер кој моментално игра за Гројтер Фирт во Бундеслигата. Висок е 184 см и игра на позицијата напаѓач. Кариерата ја започнал во Раднички од Пирот, каде со добро одиграни натпревари им привлекол внимание на ФК Воздовац со кои потпишал договор во 2005 година. Во својата прва сезона во клубот бил петти стрелец на домашното првенство со 11 голови. Со своите игри заслужил повик за репрезентацијата на Србија за играчи до 21 година за кои одиграл 5 наптревари и постигнал 1 гол. Привлекол внимание и на неколку клубови од Европа како што се АЗ Алкмар и Макаби Хаифа, во АЗ Алкмар во 2008 бил на проба,http://www.h-avis.no/sport/ny-storfugl-kan-lande-i-fkh-i-dag-1.1779855 меѓутоа после повредата на стапалото во 2009 година потпишал договор со норвешкиот Хаугесунд. Во својата прва сезона во 2 лига на Норвешка остварил прво место со својата екипа со 10 постигнати голови.

Наводи

Надворешни врски Профил на transfermarkt.co.uk Голови на Никола на youtube

Категорија:Родени во 1986 година Категорија:Луѓе од Пирот Категорија:Српски фудбалери Категорија:Фудбалери од Бундеслигата Категорија:Фудбалери на ФК Хелсингборг Категорија:Фудбалери на ФК Аугсбург Категорија:Фудбалери на ФК Малме Категорија:Фудбалери на ФК Фортуна Диселдорф Категорија:Фудбалери на ФК Партизан Категорија:Фудбалери на ФК Хамарби