Ендру Фен (; р. ) — поранешен британски професионален друмски велосипедист, кој возел професионално во периодот 2011-2018 за четири различни екипи.

Кариера Јуниорска и аматерска

Фен се натпреварувал во повеќе спортови како дете, но се насочил кон велосипедизмот на 12-годишна возраст, кога се приклучил на Велвин-Вилерс. Неговиот талент бил забележан од британската федерација и тој станал член на нивната олимписка развојна програма во ноември 2006 година. Во 2008 го освоил јуниорскиот Париз-Рубе, пред да се приклучи на олимписката академска програма во периодот 2009-2010.

На Комонвелтските игри 2010, Фен - кој се квалификувал за Шкотска, бидејќи неговата мајка е Шкотланѓанка – завршил 14 на хронометарот за мажи.

Професионална

Неговата прва година како професионалец била во 2011, кога освоил две победи и бронзен медал на Светското друмско првенство во категоријата под 23 години.

Во септември 2014 година било објавено дека Фен потпишал за Тим Скај, со кој ќе вози за сезоната 2015.

Фен се повлекол од велосипедизмот по распаѓањето на екипата на крајот на сезоната 2018.

Достигнувања

2008 1. Париз-Рубе за јуниори 2. 15п Европско јуниорско велодромско првенство - екипна потера 2. Национално велодромско првенство - медисон (со Џонатан Белис) Национални јуниорски велодромски првенства 2. Поединечна потера 3. Кило 2. Национално јуниорско друмско првенство 2009 2. 15п Европско велодромско првенство под 23 години - екипна потера 2. 15п Светски велодромски куп Мелбурн - екипна потера 3. Национално велодромско првенство - медисон (со Алекс Даусет) 2010 1. 20п Национално друмско првенство под 23 години 4. Краен пласман Тур де Берлин 2011 1. Меморијал Ван Конгисло 1. Етапа 7 Тур де Бретања 2Национално друмско првенство под 23 години 3. 15п Светско друмско првенство под 23 години 3. 15п Светски велодромски куп Пекинг - екипна потера 4. Зелик-Галмарден 5. Париз-Рубе за млади 2012 1. Трофео Палма 1. Трофео Мигјорн 1. Етапа 2 (ТТТ) Тур де л’Ен 4. Гран при Импанис-Ван Петегем 6. Омлоп ван хет Хутланд 6. Минстерланд Џиро 10. ГП Раф Јонкхере 2013 1. Гулегем Курсе 5. ГП Брик Схоте 6. Краен пласман Тур де Пикарди 2014 1. ГП Брик Схоте 5. Нокере Курсе 6. Бриселски велосипедски класик 9. Краен пласман Трка околу Катар 2015 7. Лондон Ноктурн 2016 3. Национално друмско првенство 7. Трофео Феланит-Сес Салинес-Кампос-Поререс 2018 5. Нокере Курсе

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Родени во 1990 година Категорија:Британски велосипедисти Категорија:Велодромски велосипедисти Категорија:Живи луѓе