Свети Јован Крстител — главна селска црква во струшкото село Мислешево, Македонија.

Местоположба

Црквата се наоѓа во средишниот дел на селото. Околу црквата се наоѓаат селските гробишта.

Историја

Црквата била изградена неколку години пред 1903 година, односно била подигната во 1898 година, а нејзини поправки биле вршени во 1936 година.

При ѕидањето на црквата доста вклучен бил Ристе Прентовски, при што ги посетувал околните села и области собирајќи парични средства за изградба на црквата.

Архитектура

Црквата е трибродна со западна галерија. Има бројни придружни архитектонски објекти во дворот на црквата.

Градбата на црквата е добра, иако се забележуваат пукнатини од земјотреси. На западната страна од наосот во подоцнежен период била поставена галерија која е несоодветна и покрива делови од ѕидното сликарство. Како несоодветна градба се смета и продавницата за свеќи. Сепак, по 2022 година била додадена припрата на црквата, која била и фрескоживописана, и со која продавницата за свеќи била срушена.

Фрескоживопис

Внатрешноста на црквата е живописана. Живописот потекнува од повеќе сликарски фази од и век.

Сликарството е во задоволителна состојба, со исклучок на неколку помали површини на северните ѕидни партии каде што има појава на соли.

Икони и иконостас

Црквата поседува иконостас.

Галерија

Поврзано Струшко архијерејско намесништво Втора струшка парохија Мислешево

Наводи

Надворешни врски

Детален извештај за мониторинг од ИКОМОС Македонија

Мислешево