мини|десно|Спахии во Битката кај Виена во 1683 година
Спахија или спаија — војник во коњицата кој се борел за османлиската војска во замена за имот што му носел приход (тимар или зијамет). Спахиите биле синови на припадниците на војската но султанот можел да им дава тимари и на други луѓе кои се истакнале во службата. Спахиите служеле во единиците во внатрешноста со кои раководеле домашните заповедници, обично од април до октомври, а потоа се враќале на своите тимари за да ги соберат приходите што им биле наменети.
Поврзано Тимар Јаничар Акинџија Башибозук
Наводи
Категорија:Воени единици на Отоманското Царство Категорија:Турцизми