Белен () — село и поранешна општина во округот Илм, во сојузната покраина Тирингија, Германија. Од 1 јануари 2019 година претставува дел од градот Гросбрајтенбах.

Белен се наоѓа околу 13 километри југоисточно градот Илменау на Тириншката Висорамнина, сместен на левиот брег на реката Шварца.

Географија

Белен се наоѓа помеѓу Лангер Берг и долината на Шварца на околу 610 метри во југоисточниот дел на округот Илм на премин помеѓу Тириншката Шума на запад и Тириншката Висорамнина на исток.

Највисока точка на местото е 675,9 метри наречено Милхберг, додека најниска точка е во долината на Шварца на околу 395 метри.

Надворешни врски

Категорија:Илм (округ) Категорија:Поранешни општини во Тирингија Категорија:Села во Тирингија