Чубрика или чубрицапозната и како чебрика (науч. Satureja) — род на ароматични растенија од семејството на усноцветните (Lamiaceae), сродни на рузмаринот и мајчината душичка. Постојат околу 30 видови, од кои најважни се градинарската и планинската чубрика.

Опис Овие растенија потекнуваат од топлите умерени подрачја и може да бидат едногодишни или повеќегодишни. Се јавуваат во облик на ниски билки и полугрмушки, со висина од 15–50 см.

Листовите се долги 1-3 см. Цветови се распоредени кружно околу стебленцето, а по боја се бели до розово-виолетови.

Екологија и одгледување Чубриката е храна за ларвите на некои видови пеперутки и молци. Гасениците на молецот Coleophora bifrondella се хранат исклучиво со планинската чубрика (S. montana).

Покрај ова, растенијата се одгледуваат и за украс, при што бараат сончевина и добро исцедена почва.

Македонски ендем Како ендемска во Македонија се јавува Адамовиќевата чубрика (Satureja adamovicii), и тоа само во клисурата на реката Раец.

Употреба мини|десно|К’цана сол со чубрика во традиционално канче, Кратово. Градинарската и планинската чубрика се користат како додаток во кулинарството. Позастапена во кујните е градинарската, но ја има само на лето. Планинската чубрика е зимзелена и расте повеќе години.

Градинарската чубрика се користи како зачин во традиционалната македонска кујна, за добивање на додатоци како „к’цана сол“ и како додаток во грав. Во Италија е присутна исто така како додаток за гравот, во романската кујна е застапена како зачин за сарми, во манџите во француската кујна.

Од S. douglasii или јерба буена (шпан. yerba buena = „добра билка“) на западот на САД се прави билен чај.

Некои видови мини|Планинска чубрика Satureja adamovicii - Адамовиќева чубрика, македонски ендемит Satureja acinos Satureja alpina Satureja coerulea Satureja cuneifolia Satureja douglasii – јерба буена (syn. S. chamissonis) Satureja gillesii Satureja hortensis – градинарска чубрика или само чубрика„чубрика“ - Дигитален речник на македонскиот јазик Satureja mexicana Satureja montana – планинска чубрика или вресак Satureja multiflora – чилеанска чубрика Satureja palmeri Satureja rumelica Satureja spicigera Satureja subspicata Satureja thymbra Satureja viminea – извиена чубрика Satureja viminea Satureja vulgaris – обична чубрика, див босилек

Наводи

Категорија:Усноцветни Категорија:Билки Категорија:Лековити растенија Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј Категорија:Флора на Македонија