Николаевска Област (; исто така се нарекува Николаевшчина - украински: Миколаївщина) ― област (покраина) во јужниот дел на Украина. Административен центар на областа е градот Николаев.

Географија Николаевска Област има вкупна површина од 24.598 км2. На запад се граничи со Одеската Област, на север со Кировоградската Област, на југ со Херсонската Област, а на исток со Днепропетровската Област. Во областа има 822 села и 9 градови. Најголемата река: Јужен Буг, други значајни реки во областа се: Ингулец, Ингул, Березан.

Демографија Според пописот на населението во 2001 година, во Николаевска Област живеат најмногу Украинци (81,91%), а останатите се Руси (14,06%), Молдавци, Белоруси, Ерменци, Евреи.

Наводи

Надворешни врски Службена страница

Категорија:Области во Украина

Категорија:Држави и територии настанати во 1937 година