СевастополПравопис на македонскиот јазик, стр. 167, Просветно Дело, Скопје, 2007 (руски и ; ) — еден од трите федерални града во Русија, сместен на црноморскиот брег на полуостровот Крим, на Севастополскиот Залив. Иако географски му припаѓа на полуостровот, Севастопол ужива управна посебност и не претставува дел од Република Крим.

Уникатната географска положба и условите за впловување во градските пристаниште го направиле Севастопол стратешки важна точка за морнарицата. Исто така, градот е туристички центар и одморалиште, главно за посетителите од земјите на ЗНД. Градот, порано седиште на руската (тогашна советска) Црноморска флота — денес поморска база на руската и украинската воена морнарица и истата флота.

По падот на Советскиот Сојуз, пристаништето во Севастопол се соочиле со зголемен промет, и покрај потешкотиите во поглед на заедничката воена контрола над пристаништата и доковите.

По Крмската криза од 2014 г, и референдумот за отцепување од Украина и припојување на Крим кон Русија, Севастопол станува федерален град на Русија.

Исто така, Севастопол е важен истражувачки центар на морската биологија. Особено застапено е изучувањето и тренирањето на делфини, кое започнало во градот до крајот на Втората светска војна. Севастопол ужива во потопла клима од околните региони, со свежи зими и умерено топли лета.

Наводи

Галерија

Поврзано

Опсада на Севастопол (1854–55) Опсада на Севастопол (1941–42) Симферопол Кримски федерален округ

Надворешни врски

Официјална страница Знаменитости на Севастопол Атракции во Севастопол Тура низ градот Збирка на слики од Севастопол Слики од градот

Категорија:Градови во Крим Категорија:Црно Море Категорија:Федерални градови во Русија Категорија:Кримски федерален округ Категорија:Старогрчки градови Категорија:Градови-херои на Советскиот Сојуз