Љуботен или Љуботрн — планински врв висок 2.498 метри, прв на главното било и срт на Шар Планина, сместен на самата македонско-косовска граница.

Географија

Иако не е највисок врв на Шара, поради своите црти и поради издвоеноста од другите, тој е највпечатлива шарпланинска точка и еден од најубавите врвови на Шара.

Поради својот облик на пирамида, и поради својата забележливост од сите страни и од поголеми далечини, за Љуботен се искористени многу епитети.

Од исток и југ тој е богат со шума, а над самиот шумски појас од двете негови страни се простираат големи пасишта.

На југозападната страна, веднаш под врвот, се наоѓа најголемиот каменест варовнички сипар во Македонија и пошироко, до кој се наоѓа впечатливата Козја Карпа.

Од Љуботенскиот масив се формираат неколку реки: Јажиначка, Страшка, Глобочичка, Љуботенска, Мала Река и други.

Под самиот врв се наоѓа планинарскиот дом „Љуботен“. Од овој дом, искачувањето до самиот врв трае околу 1,5 часа.

Галерија

Забелешки а.

Наводи

Надворешни врски

Љуботен @ Vratnica.net

Категорија:Врвови Категорија:Врвови на Шар Планина Категорија:Меѓународни планини во Европа