Whose Life (Is It Anyways?) е вториот сингл на Мегадет од нивниот последен студиски албум Thirteen. Песната е трета по редослед на споменатиот албум, а текстот и музиката ги напишал Дејв Мастејн. Официјалниот датум на издавање бил 17 октомври 2011, а на 2 мај 2012 бил промовиран и видео запис како поткрепа за синглот.

Песната добила номинација за Греми наградите (2013) во категоријата „Најдобра хард рок/хеви метал изведба“, каде освен оваа, во конкуренција биле уште 5 композиции.

Видео запис Спотот бил поставен на YouTube страницата од Роудранер Рекордс. Во филмот е вметнат и текстот од песната, а дејството е борба помеѓу група изреволтирани луѓе и вооружени единици.

Коментари од бендот во врска со песната

Дигитално издание „Whose Life (Is It Anyways?)“ – 3:50

Музички персонал Мегадет Дејв Мастејн - вокал и ритам гитара Крис Бродерик - водечка гитара Дејвид Елефсон - бас гитара Шон Дровер - тапани

Технички персонал Џони Кеј - продуцент Дејв Мастејн - текстописец и композитор

Наводи

Надворешни врски Текстот на песната Спотот за „Whose Life (Is It Anyways?)“ на YouTube

Поврзано Мегадет Thirteen

Категорија:Песни на Megadeth