Ковачилница — археолошко наоѓалиште во валандовското село Раброво. Претставува средновековен рудник. Се наоѓа источно од селото, во непосредната близина на грчките гробишта, каде според некои податоци, во реонот на рудникот била откриена стара јама. Влезот, кој денес се гледа, има форма на трапез со димензии од 2,10 м висина и 0,80 м ширина. Во овој стар рудник во 1942 година биле најдени дрвени алатки и торби од кожа кои не се зачувани.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Раброво; Список на археолошки наоѓалишта во Валандовско;

Наводи

Категорија:Раброво