Артемиса () е една од двете нови покраини на Куба, создадени на почетокот на 2011 г. со подвојување на покраината Хавана.La racionalidad como premisa- Periódico GranmaProponen en Pleno del Partido dos nuevas provincias cubanas: Artemisa y Mayabeque (+ Infografía) - Cubadebate¿Por qué Artemisa y Mayabeque?
Најголем град и општина на поранешната покраина Хавана бил Артемиса. Новооснованата покраина се состои од 8 западни општини на покраината Хавана и 3 источни општини од соседната покраина Пинар дел Рио (Баија Онда, Канделарија и Сан Кристобал). Главен и најголем град на покраината е Артемиса (44.000 жит.).
Новата покраина е поголема само од градот Хавана и покраината Мајабеке, но има поголемо население од други четири. Исто така таа е најгусто населена, по градовите Хавана и Сантјаго де Куба.
Стопанството е мешано: се одгледуваат земјоделски култури како овошјето, компирот, оризот, раноградинарските производи, шеќерната трска), а индустриските капацитети се посветени на производство на градежни материјали (две цементарници), преработка на прехранбени производи и производство на електрична енергија. Од особена важност е пристанишниот град Мариел на северниот брег. Во покраината е сместена и главната база на воздухопловните сили (во Сан Антонио де лос Бањос), западната база на морнарицата (во заливот Кабањас) и воената академија „Антонио Масео“ во Кајмито.
Општини мини|Карта на покраината Артемиса. Со темножолто се претставени општините што порано ѝ припаѓале на покраината Пинар дел Рио мини|десно|Патна карта на покраината Артемиса
Општина Површина (км²) Население Алкизар 194,36 32.501 Артемиса 688,7 82.917 Баија Онда 784,14 45.124 Баута 155,13 48.024 Гванахај 110,26 28.750 Гвира де Мелена 199,22 39.821 Кајмито 239,4 39.304 Канделарија 301,42 20.283 Мариел 270,85 44.786 Сан Антонио де лос Бањос 126,37 49.942 Сан Кристобал 934,4 70.940 Вкупно 4.004,27 502.392
Извор: Државни статистики за 2010 г.Mejor atención al pueblo y más funcionalDiario Granma
Наводи
Категорија:Покраини во Куба
Категорија:Држави и територии настанати во 2011 година
