Штајнах () — мал град во округот Зонеберг, во сојузната покраина Тирингија, Германија. Се наоѓа во подрачјето на Тириншката Шума, 12 километри северно од окружниот град Зонеберг.

Географија

Штајнах се наоѓа во областа Франконија, на крајниот југ од покраината Тирингија, сместена во долина на истоимената река. На североисток се граничи со Гросен Тирберг.

Политика Градски совет

Градскиот совет се состои од 16 членови и распределбата согласно изборите на 26 мај 2019 година изгледа вака:

Партија Места CDU 5 (+1) Заедно за Штајнах (GfS) 4 (−3) AfD 4 (+4) FDP 2 (−1) LINKE 1 (−1)

Градоначалник

На изборите за градоначалник на 15 април 2018 година бил избран Улрих Курц, кандидат од Заедно за Штајнах.

Збратимени градови

Штајнах е збратимен со следниве градови: Корб, Германија (од 1991 година)Steinach auf der Seite des Korber Partnerschaftsvereins. Гостињ, Полска (од 2012 година)Städtepartner Gostyn .

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Зонеберг (округ)