Грабфелд () — општина во округот Шмалкалден-Мајнинген, во сојузната покраина Тирингија, Германија.

Географија Местоположба

Општината Грабфелд се наоѓа франконскиот дел на Тирингија и лежи непосредно на покраинската граница со Баварија и го опфаќа северниот дел на истоимената област.

Соседни општини

Општината Грабфелд се граничи (од североисток надесно) со следниве општини: Лојтерсдорф, Фахдорф, Нојбрун, Риченхаузен, Унтермасфелд, Зилцфелд, градот Мајнинген во округот Шмалкалден-Мајнинген, градот Мелрихштат, Хендунген и Хехајм во баварскиот округ Рен-Грабфелд, како и Ремхилд, Дингслебен, Санкт Бернард, Бајнерштат и Темар во округот Хилдбургхаузен.

Општински единици

Бауербах Берунген Берках Бибра Ексдорф со Обендорф Јиксен Нордхајм Квајенфелд Рентвертсхаузен Швикерсхаузен Велферсхаузен Волфмансхаузен

Историја

Во рамки на Германското Царство (1871–1918), територијата на денешната општина Грабфелд била дел од Војводството Саксо-Мајнинген.

Грабфелд бил основан како општина на 1 декември 2007 преку спојување на поранешните општини Берунген, Берках, Бибра, Ексдорф, Јиксен, Нордхајм, Квајенфелд, Рентвертсхаузен, Швикерсхаузен и Волфмансхаузен, заменувајќи ја поранешната општинска заедница со истото име. Во јануари 2012 година на општината се приклучила поранешната општина Бауербах, а во јануари 2019 година и поранешната општина Велферсхаузен.

Наводи

Надворешни врски

Официјална страница

Категорија:Шмалкалден-Мајнинген