Лисичарка () — најпозната јадлива печурка од семејството лисичарки (Cantharellaceae). Личи на паткина нога, со боја како жолчката од јајцето или малку црвено-жолта во средината. Јадлива печурка со врвен квалитет, и разновидна употреба. Расте во листопадните и во иглолисните шуми , по правило во колонии, поретко поединечно.
Опис Плодното тело на лисичарката се состои од портокалова шапка и од дршка. Хименофорот е сместен на внатрешната страна од шапката во вид на надолжни ребра или жили кои се спуштаат по дршката. Шапката на лисичарката може да нарасне од 3см до 12см. Кај младите примероци шапката е испупчена, подоцна таа станува вдлабната со многу неправилен брановиден раб, со боја слабо жолтеникава до портокаловожолтеникава, сува и без сјај. Лисичарката нема вистински ливчиња, туку хименофорот е во вид на ребра или жилички со заоблени и тапи рабови. Тие се многу тесни, до 3 мм широки, изразено се раздвоени и се спуштаат по дршката. Нивната боја е посветла од бојата на шапката. Дршката на лисичарката е 2-3 см висока, 0,5 – 1 см широка. Таа е цилиндрична и потесна кон основата, дршката е полна и површината и е мазна, бојата може за нијанса да биде посветла од шапката. Месото на лисичарката е белузлаво до жолто со пријатен мирис.https://plusinfo.mk/lisicharka-za-zdrav-e-na-srceto-koskite-i-mozokot-ovaa-zhitelka-na-chistite-shumi-e-bogata-so-kalium-i-kalcium/
Распространетост и живеалиште Плодното тело на лисичарката се јавува на површината од земјата, расте најчесто во групи, а многу поретко поединечно.Печурката може лесно да се воочи во природата, најчесто во дабови шуми во пролет и есенhttps://agrotim.mk/lisicharka-shto-da-se-zeme-predvid-pri-nejzino-berene/. Видот расте во Европа од Скандинавија до Медитеранскиот басен, главно во листопадни и зимзелени шуми.Најчесто се појавува од јуни до декември.
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Јадливи габи Категорија:Габи на Европа