Бело сирење (или понекогаш само сирење) — вид на сирење во расол кое се прави во Македонија како и во повеќе земји на Балканот и е слично на фета сирењето. Ова сирење ужива многу висок статус во локалните кујни и е важен дел од традиционалната исхрана во овие региони со векови. Белото сирење може да се прави од овчо, козјо или кравјо млеко, а често се среќава и во комбинацијата овчо-кравјо. Сирењето е ронливо со масленост од 40-45%. Се произведува во блокчиња, со малку грануларен состав. Вкусот му е свеж и лимонест. Се употребува посебно, како и во салати и разни печени јадења.Сирњето е ценета намирница поради својата трајност, преносливост и високиот процент на масти, белковини, калциум и фосфор. Сирењето е компактна и долготрајна храна од млеко.
Сирењето како тема во уметноста и во популарната култура „православното сирење и бракот“ — кус расказ на македонскиот писател Хигсов Бозон од 2011 г.Хигсов Бозон, Педерски Катахрезис, Темплум, Скопје, 2011.
Биено сирење
Биеното сирење е полномасно сирење со изразито жолта боја и специфична арома кое се обработува на традиционален начин со рачна изработка која потекнува од маиовскиот крај на Македонија. Добиено од пастеризирано кравјко млеко богато витамини, калциум и други хранливи состојки кои се потребни на организмот за извршување на секојдневните активности.
Галерија
Поврзано Кашкавал
Наводи
Категорија:Македонски сирења Категорија:Овчи сирења Категорија:Козји сирења Категорија:Кравји сирења