мини|x320п|Карта на областите во Египет

Египет е поделен на 27 области или „мухафази“ (). Секоја област има свој управник, назначен од претседателот на државата, кој има право и да го разреши по свое наоѓање. Највеќето области имаат густина на населението поголема од 1.000 жит/км2, додека трите најголеми имаат густина помала од 2 жит/км2.

Областите можат да бидат наполно градски или градско-селски. Селските имаат региони или „маркази“, а градските немаат, поради тоа што самата оваа единица подразбира збир од села. Кај најголемите градови, областа може да опфаќа само еден град, како што е случај со Каиро и Александрија. Така, овие градови-области се поделени само на окрузи (населби). Каиро има 23 окрузи, а Александрија има 6.

Селските области во Горен Египет и долж Суецкиот Канал го носат името на нивните административни центри, додека пак оние во делтата на Нил и пустинските предели имаат самостојни називи (со исклучок на Кафр ел-Шејх, Дамиета и Матрух).

Список на области +Области во ЕгипетЦентрален завод за јавна мобилизација и статистика (CAPMAS), 2011 и 2012 г. Бр. Област Површина (км2) Население (2006) Население (2012) Админ. центар1Александрија Александрија2Асван Асван3Асјут Асјут4Бухејра Даманхур5Бени Суејф Бени Суејф6Каиро Каиро7Дакахлија Мансура8Дамиета Дамиета9Фајум Фајум10Гарбија Танта11Гиза Гиза12Исмаилија Исмаилија13Кафр ел-Шејх Кафр ел-Шејх14Матрух Мерса Матрух15Миња Миња16Минуфија Шибин ел-Ком17Нова Долина Харга18Северен Синај Ариш19Порт Саид Порт Саид20Каљубија Бенха21Кена Кена22Црвено Море Хургада23Шаркија Заказик24Сохаг Сохаг25Јужен Синај Ет-Тур26Суец Суец27Луксор Луксор Вкупно 996.602,6 72.798.031 81.396.247

Поврзано Географија на Египет Демографија на Египет Список на градови во Египет ISO 3166-2:EG

Наводи

Надворешни врски Податоци за населението и површината Портал на Владината служба на Египет

Категорија:Административна поделба на Египет Категорија:Списоци за Египет Категорија:Првостепени административни единици на земјите Категорија:Списоци на административни единици на земјите