Мароко се дели на 16 региони прогласени во 2012 г. со законот за децентрализација (регионализација)Владин портал за регионализацијата на Мароко и претставуваат највисока административна единица во земјата. Регионите потоа се делат на вкупно 61 префектури и покраини. На чело на секој регион стои валија (управник), што го предлага кралот. Валијата воедно е управник и на покраината/префектурата во којашто живее.

Региони мини|десно|300п|Карта на регионите во Мароко

Бр. Регион Админ. центар 1 Гарб-Шрарда-Бени Хсен Кенитра 2 Гелмим-Ес-Семара Гелмим3 Голема Казабланка Казабланка 4 Дукала-Абда Сафи5 Источен Уџда 6 Лаајун-Буждур-Сакија Ел-Хамра Лаајун7 Маракеш-Тенсфит-Ел-Хауз Маракеш 8 Мекнес-Тафилалет Мекнес 9 Рабат-Сале-Замур-Заер Рабат 10 Сус-Маса-Драа Агадир 11 Тадла-Азилал Бени Мелал 12 Таза-Ел-Хосејма-Таунат Ел-Хосејма13 Тангер-Тетуан Тангир14 Уед Ед-Дахаб-Лагуира Дахла15 Фес Булман Фес 16 Шавиja-Уардига Сетат

Регионите Гелимим-Ес-Семара (3) и Лаајун-Буждур-Сакија Ел-Хамра (2) делумно навлегуваат територија Западна Сахара. Уед Ед-Дахаб-Лагуира (1) е наполно во нејзините граници. Суверенитетот врз Западна Сахара е предмет на спор Мароко и фронтот Полисарио, кој ја смета територијата за независна Сахарска Арапска Демократска Република (САДР). Најголемиот дел од регионот е под управа на Мароко како негови јужни покраини. Фронтот Полисарио, кој има седиште во Тиндуф во југозападен Алжир, владее само со подрачјата источно од Мароканскиот Ѕид.

Поврзано Географија на Мароко Демографија на Мароко Список на градови во Мароко ISO 3166-2:MA ISO 3166-2:EH

Наводи

Надворешни врски Административна поделба на Мароко - Tiznit

Категорија:Административна поделба на Мароко Категорија:Списоци за Мароко Категорија:Списоци на административни единици на земјите

pt:Regiões de Marrocos