„Чеде Филиповски“ — средно училиште во Гостивар, Општина Гостивар. Во минатото се викало УСО „Чеде Филипоски” - Гостивар.

Историја и традиција на училиштето

СЕОУ „Гостивар” - Гостивар е едно од најстарите училишта во Гостивар. Сместено е заедно со Гимназијата во населбата „Дутлок” во еден училиштен двор и два училишна објекта. Додека Гимназијата е во новиот објект, СЕОУ „Гостивар” - Гостивар е во старата зграда, а од 2003 година е проширено со доградба на 6 училници, донација на И.О.М. а во 2011 г. со средства од општина Гостивар изграден е дополнителен објект со површина од околу 400 м2 со 6 нови училници. На тој начин обезбедени се основни просторни услови за капацитет над 1300 ученика.

Во непосредна близина на училиштето е големиот парк од кој извира зеленилото како предизвик за игра на децата и одмор за возрасните, реката Вардар и нејзиниот долг пат до Егејот, градскиот фудбалски стадион, Општинскиот суд, Медицинскиот центар. Во близина е и зградата на општината.

Училиштето постои од 1955 година со одлука на Околискиот народен одбор. Таа година оформена е една паралелка од прва година која што почнала да работи во рамките на Полната гимназија. Од 1956 година училиштето е верифицирано под името Економски техникум како посебна организација, а од 1957 година техникумот се одделува во посебно училиште. Во тој контекст од 1982/83 година според мрежата за насочено образование училиштето се трансформира во УСО а профилувало кадри од економска, правна и биротехничка струка.

Ова училиште многу значи и значело за Гостивар. Во него се школувале луѓе коишто подоцна биле потенцијал за градот и Р Македонија. Може да се каже дека големиот економски, кадровски, политички, научен и друг потенцијал завршил во ова училиште или работел во него. Успешноста на постоењето и работата е одбележена со многу освоени награди и признанија. Своето половина вековно постоење училиштето го одбележа на 5 ноември 2005 на најдостоен начин. Тимот за развој на училиштето ја изготви програмата. Изготвена е Монографија на училиштето со цел на историјата да и се даде место во развојот, развојот да има динамика и перспектива.

Некогашното УСО „Чеде Филипоски” - Гостивар, пред некоја година го смени името и сега е СРЕДНО ЕКОНОМСКО ОПШТИНСКО УЧИЛИШТЕ „ГОСТИВАР“. Факт е дека училиштето е едно од најатрактивните во градот што е резултатот на стручната екипираност на наставниот кадар и неговиот висок професионален однос кон работата. Вклучено е во повеќе проекти и остварува одлични резултати. Во тој контекст посебно место заслужуваат многубројните меѓународни и државни награди и признанија.

Наставата во СЕОУ „Гостивар” - Гостивар се одвива во две смени и на три наставни јазика и тоа: Македонски, Албански и Турски наставен јазик. Особено е значајно, што училиштето во развојот на наставата постојано инвестира. Инвестициите се од најразличен карактер. Особено значајно е инвестирањето преку подобрување на мотивираноста на учениците за учење. Во тој контекст може да се нагласи дека се врши избор и наградување на најдобрите ученици на крајот на учебната година. Критериумот и правилникот за наградување на учениците што го имаме изготвено, го применуваме по традиција секоја година. Наше е традицијата да има рефлексии. Со цел ефектот на мотивираноста да има поголема улога и место се наградуваат најдобрите наставници, најдобрите класови.

Во СЕОУ „Гостивар” - Гостивар застапени се образовните профили Економски техничар во I, II, III и IV год. на сите три наставни јазици, деловен секретар во I год. на македеонски и албански наставен јазик, техничар за трговија и маркетинг во I год. на македонски наставен јазик и во I,II,III и IV год. на албански наставен јазик и правен техничар во II, III и IV год. на македонски и албански наставен јазик.

Основен мотив и цел за воведување нови образовни профили е вклучувањето на училиштето во современите текови и промени на пазарот и науката. Резултатите во блиска иднина ќе бидат најдобриот индикатор.

Учество на натпревари и освоени награди Посебен белег училиштето им дава на натпреварите.Евидентен е интересот на учениците и наставниците за вклучување во нив. Исправени пред новите промени, со цел сегашноста да има нова иднина, училиштето активно е вклучено во многу натпревари. Суштината на ученикот и наставникот е преку натпреварите да истражуваат и да бидат дел од промените и дел од стварноста. Мотивираноста и инспиративноста кон новите предизвици ги дава очекувањата. Досегашната практика покажува дека натпреварите се идеална инвестиција во ученикот при што на училиштето му се возвраќа со големи резултати,а наградите се поттик за работа. СЕОУ,,Гостивар’’-Гостивар има учествувано во следниве натпревари : - НАЦИОНАЛЕН НАТПРЕВАР ЗА ИЗБОР НА НАЈДОБАР БИЗНИС ПЛАН 2011/12 год Учествуваа следниве ученици: Тимови Бизнис план Тим 1: 1. Мирослав Ѓорѓевиќ 2. Јасмина Михајлоска 3. Фросина Јаќимоска 4. Антонио Манасиевски АД „Green+Engineering“ Дизајнирање, проектирање, производство, изведба и одржување на алтернативни енергетски решенија Тим 2: 1. Вафире Муареми 2. Семина Рамадани 3. Виолета Попоска 4. Кристијан Димитриески „E-Games“ Софтверска програма – компјутерски игри Тим 3: 1. Ема Димитриеска 2. Деспина Ѓорѓиеска 3. Стефанија Лазарова 4. Дејан Дукоски ДОО „ЕКО Д – ДЕС КОМПАНИ“ Зафатнинско намалување на отпадот и рециклирање Тим 4: 1. Симона Андриеска 2. Катерина Аксоска 3. Мануела Танеска 4. Елена Андоновска „Петрол - Инженеринг“ Изградба на инфраструктурата на гасоводна мрежа, снабдување на домаќинствата и институциите со природен гас на регионот Скопје – Тетово - Гостивар Тим 5: 1. Ленче Гегоска 2. Томе Гегоски 3. Санида Тахири 4. Христина Анѓелкоска „КИНЕТИК“ Електрана за производство на електрична енергија Тим 6: 1. Јасна Исакоска 2. Јована Андоноска 3. Верица Јанкоска 4. Александра Јанаќиеска „Illusion“ Рачна изработка на накит Жири комисијата во состав: 1. Тони Ефремоски - директор 2. Даница Наумоска - професор 3. Гајур Сарач - професор

имаше „тешка“ задача од најдобрите да го избере најдобриот. Сепак едногласно одлучи дека најдобар бизнис план на училишниот натпревар е „КИНЕТИК“- Електрана за производство на електрична енергија од цврст отпад со тимот во состав:

ТИМ бр. 5 – „КИНЕТИК“ : 1. Ленче Гегоска 2. Томе Гегоски 3. Санида Тахири 4. Христина Анѓелкоска

Само да напоменеме дека минатата година тимот „ПРЕРОДБА“ во состав: 1. Симона Лазарова 2. Ивана Пепчек 3. Анита Бошкоска 4. Маја Ефтоска со нивниот бизнис план влезе во 10те најдобри бизнис планови во силна конкуренција од 50 бизнис планови доставени од средните училишта во Македонија. -СЕОУ ,,Гостивар’’-Гостивар беше домаќин на натпреварите организирани од МАССУМ. Учениците ќе се натпреваруваат во следните категории: - Видео реклама - Најдобар маркетинг план - Интервју за работа(мак./алб.) - Јавно говорење(мак./алб.) - WEB страна - Постер - Најдобра фотографија

сдасдас

Учество на натпревари asas

Организационо - структурна и кадровска подготвеност Интересот за запишување на ученици во нашето училиште во учебната 2010/2011 година е солиден. Сигурно е дека е резултат на: општествено - економската преструктуираност на стопанството и новите економски текови и организација на трудот. долгогодишната творечка и креативна работа со учениците и остварените резултати. современиот воспитно - образовен пристап и однос кон работата и ученикот.

Врз основа на наведеното во I година се запишани вкупно 301 ученик, вкупниот број на запишани ученици од I до IV година е 1291 од кои на Македонски наставен јазик се 387 ученика, на Албански наставен јазик 778 ученика и на Турски наставен јазик 126 ученика. -Учениците се распределени во 47 паралелки и тоа: На Македонски наставен јазик 16 паралелки; На Албански наставен јазик 27 паралелки; На Турски наставен јазик 4 паралелки.

Во наставата се вклучени професори по наставни јазици: 1. Македонски наставен јазик - Вкупно: 36 наставници од кои на 33 наставници СЕОУ”Гостивар” им е матично училиште; 2. Албански наставен јазик - Вкупно: 57 наставници од кои на 54 наставници СЕОУ”Гостивар” им е матично училиште; 3. Турски наставен јазик - Вкупно: 12 наставници од кои на 6 наставници СЕОУ”Гостивар” им е матично училиште или со други зборови вкупен ангажман на 105 наставник, од кои СЕОУ „Гостивар” им е матично училиште на 93 наставника.

Организационо - стручната поставеност на училиштето се манифестира преку работата на стручните органи во училиштето и тоа:

Наставнички совет; Совет на година; Совет на паралелка; Стручни активи. Наставнички совет Наставничкиот совет е стручен орган и носител на воспитно- образовната работа во училиштето. Него го сочинуваат наставниците и стручните соработници. Својата активност ја реализира според изготвената програма за работа која што е составен дел на годишната програма за работа, а во одредени случаи и според укажувањата на надлежните органи и служби. Наставничкиот совет доменот на своите активности ги фокусира според Законот за средно образование, Статутот на училиштето и другите законски регулативи и правилници. Одговорни: Директорот, Пом.Директорот, педагогошко- психолошката служба и наставниците. Совет на година Советот на годината е стручен орган во училиштето којшто го сочинуваат наставниците од годината во која што изведуваат настава и стручните соработници. Основна функција на советот на годината е координирање на работата на наставата во годината за која е конституиран, односно изготвување анализи, програми со цел да се подобри успехот и редовноста кај учениците, давање предлози, укажување на недостатоците во наставата. Во училиштето постојат 4 совети на годината и тоа: Одговорни наставници: Совет на I година : Сенад Халили Совет на II година : Анета Талеска-Манеска Совет на III година: Дритан Лимани Совет на IV година: Недрет Ибраими Совет на паралелка Советот на паралелката го сочинуваат наставниците во паралелката што изведуваат настава и стручните соработници. Основна цел на овој совет е да ја организира, реализира и координира воспитно - образовната работа во паралелката. Одговорни: Класните раководители на паралелката и наставниците. Стручни активи Стручниот актив е стручен орган во училиштето а го сочинуваат наставниците од ист предмет или сродна група на предмети. Основна цел на активот е да води грижа за унапредување на воспитно - образовниот процес по предметите или подрачјата за кои постои, да разменува мислења, да дава предлози и укажувања, да бара начина за надминување на проблемите во наставата. Стручните активи ги вршат следниве задачи: 1. Утврдување критериуми и стандарди за работа 2. Усогласување на наставните планови 3. Размена на сугестии за реализација на наставните програми 4. Донесување предлози за форми и методи на наставна работа 5. Избор учебници по кои ќе се реализира наставната програма 6. Имплементација на одлуките донесени од Наставничкиот совет и Директорот на Училиштето Со стручниот актив раководи наставник, избран од активот кој се избира на Наставничкиот совет на почетокот на учебната година. Во училиштето ќе работат следните активи: Стручен актив: Предмети од јазично подрачје * Одговорни наставници: Васфије Билали-Ејупи и Марија Билеска Стручен актив: Предмети од математичко - економско подрачје Одговорни: Абил Идризи , Радмила Златевска, Шезаир Карпузи. Предмети од општо - образовно подрачје Одговорни: Сафет Асани, Натали Манеска - Активите слабо функционираат. Со цел оваа учебна година да биде со подобри резултати очекуваме најмалку еднаш во месецот да се состануваат активите, да прават пресек на работата, да даваат иницијативи и предлози со цел подобрување на воспитно – образовната работа. Воннаставни активности