Магнус Волф Ајкрем (роден на 8 август 1990 година) — норвешки фудбалер, играч од средниот ред на Молде и на норвешката репрезентација.

Технички одлики Офанзивен играч од средниот ред, кој може да игра насекаде во средината на теренот.

Кариера Рани години Роден во Молде во норвешкиот округ Мере и Румсдал, Ајкрем ја започнал својата фудбалска кариера како 13-годишник во својот локален клуб, ФК Молде. Тој бил доведен во тимот откако присуствувал на едно од фудбалските училишта во Норвешка на легендата на норвешкиот фудбал Оле Гунар Солшер и покрај тоа што училиштата биле наменети за младите на возраст од 14-16 години. Сепак, тој ги импресионирал тренерите толку многу што му било дозволено да присуствува, за потоа на неговиот 16-ти роденден да потпипше за Манчестер Јунајтед.

Манчестер Јунајтед left|thumb|125px|Ајкрем во резервите на Манчестер Јунајтед. Ајкрем бил редовен стартер за Јунајтед во под-18 тимот во сезоната 2006-07 и му помогнал да стигне до финалето на FA Youth Cup, каде што биле поразени од Ливерпул со 4-3 на пенали откако по двата натпревари вкупниот резултат бил 2-2. Ајкрем бил еден од двајцата играчи на Јунајтед кој промашил пенал во серијата, додека другиот бил капитенот Сем Хјусон.

Ајкрем, исто така, бил капитен на младинскиот тим на Манчестер Јунајтед кој стигнал до финалето на Милк купот во 2007 година, каде загубиле со гол во надополнетото време од бразилскиот тим Флуминенсе. Неколку дена подоцна, тој го одиграл неговиот прв натпревар за првиот тим на Манчестер Јунајтед, влегувајќи како замена за Рајан Гигс во победата со 4-0 над Данфермлајн Атлетик во пред-сезонски пријателски натпревар.

Тој продолжил како редовен член на под-18 тимот во текот и на следната сезона, 2007-08, пред да стане член на резервниот тим во сезоната 2008-09. Во текот на сезоната, тој му помогнал на Јунајтед да го освои второто место во Премиер резервната лига, како и двојната куп круна со победи над Болтон во Манчестер и Ланкашир Сениор куповите.

Откако играл за резервниот тим, во првите четири натпревари од сезоната 2009-10 и постигнал гол во победата од 2-1 над Виган Атлетик, Ајкрем бил награден со повик во првиот тим добивајќи го дресот со бр. 42 за натпреварот против Вулверхемптон од третиот круг на Лига купот.

Истата сезона, Ајкрем бил повикан за натпреварот на Јунајтед од групната фаза во Лигата на шампионите против Волфсбург. Со оглед на тоа што тимот веќе бил пласиран во следната фаза менаџерот Сер Алекс Фергусон решил да одмори некој од својте најдобри фудбалери и покрај Ајкрем од младинскиот тим ги повикал уште и Џо Дјуџон, Мати Џејмс, Камерон Стјуарт.

Молде Во јануари 2011 година, тој направил трансфер назад во норвешки тим Молде, враќајќи се така одново на соработка со неговиот некогашен менаџер од резервниот тим на Манчестер Јунајтед Оле Гунар Солшер. Во својата прва сезона, Ајкрем одиграл 27 натпревари и постигнал 4 гола со кој му помогнал на тимот кој да ја освои Норвешката Премиер лига за првпат во нивната историја.

Следната сезона тој одиграл 28 натпревари за Молде, кој го одбранил насловот од претходната сезона.

Херенфен На 24 јуни 2013, Ајкрем потпишал четиригодишен договор со холандскиот Херенфен. Своето деби во Ередивиси го направил во победата со 4–2 на домашен терен над Аз Алкмар. Својот прв гол за Херенфен го постигнал на 23 август 2013, против Ајакс.

Кардиф thumb|150px|Ајкрем на своето деби за Кардиф Сити На 8 јануари 2014, велшкиот клуб Кардиф Сити објавил дека потпишале договор со Ајкрем за необјавена сума и времетраење. Во клубот од Премиер лигата тој повторно соработувал со Оле Гунар Солшер, во трет различен клуб по Молде и претходно во резервниот тим на Манчестер Јунајтед. Тој го направил своето деби три дена подоцна, влегувајќи како замена од клупата за резерви на местото на Гари Медел во 66-тата минута во поразот на домашен терен од Вест Хем Јунајтед. Сезоната 2013-2014 ја завршил со 6 настапи во лигата и 2 во ФА купот, не успевајќи да му помогне на Кардиф да избегне испаѓање во Чемпионшип по само една сезона во највисокото ниво во англискиот фудбал.

По слабиот старт на сезоната 2014-2015, Солшер бил отпуштен, а неговиот заменик, Расел Слајд, веднаш го ставил Ајкрем на трансфер листата. На 19 декември 2014 година, Ајкрем го раскинал договорот со взаемна согласност откако не играл под водство на Слајд, забележувајќи само 3 настапи во текот на целата полусезона.

Малме На 26 јануари 2015, Ајкрем потпишал тригодишен договор со шведскиот шампион Малме. На 22 февруари 2015, Ајкрем постигнал гол и забележал две асистенции во својот прв официјален натпревар за клубот, победата во купот над Асириска со 3–0.

Сиетл Саундерс На 30 јануари 2018, Ајкрем потпишал за Сиетл Саундерс.https://www.soundersfc.com/post/2018/01/30/sounders-fc-signs-norwegian-midfielder-magnus-wolff-eikrem Дебитирал за Саундерс на 2 март 2018, во победата со 4-0 на домашен терен над салвадорската екипа Санта Текла во КОНКАКАФ Лигата на шампионите. Два дена подоцна дебитирал во МЛС лигата во поразот со 0-1 од ФК Лос Анџелес. Својот прв погодок за Сиетл го постигнал на 10 јуни 2018, во победата на домашен терен со 2-1 над Ди Си Јунајтед.

Клупска статистика Статистиката е ажурирана на 14 јули 2018. СезонаКлубПрвенствоНационален купКонтинентален купСуперкупВкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 2009-2010 Манчестер Јунајтед ПЛ 0 0 ФАКуп+ЛК 0 0 ЛШ 0 0 КШ 0 0 0 0 авг.-дек. 2010 ПЛ 0 0 ФАКуп+ЛК 0 0 ЛШ 0 0 КШ 0 0 0 0 Вкупно Манчестер Јунајтед 0 0 0 0 0 0 0 0 0 0 2011 Молде ТЛ 28 4 КН 3 1 - - - - - - 31 5 2012 ТЛ 27 0 КН 4 1 ЛШ+ЛЕ 4+6Сите настапи во Лигата на шампионите и два во Лига Европа, со два гола, биле во преелиминарните рунди. 1+1 СН 1 0 39 3 јан.-јун. 2013 ТЛ 13 2 КН 1 1 ЛШ - - - - - 14 3 Вкупно Молде 68 6 8 3 10 2 1 0 87 11 2013-јан. 2014 Херенфен ЕД 13 2 КНВБ 4 0 - - - - - - 16 2 јан.-јун. 2014 Кардиф Сити ПЛ 6 0 ФАКуп+ЛК 2+0 0 - - - - - - 8 0 авг.-дек. 2014 ЧЕМ 3 0 ФАКуп+ЛК 0+2 0 - - - - - - 5 0 Вкупно Кардиф Сити 9 0 4 0 - - - - 13 0 2015 Малме А 28 7 КШ 9 4 ЛШ 7 0 - - - 44 11 2016 А 23 4 КШ 1 0 - - - - - - 24 4 2017 А 15 1 КШ 0 0 ЛШ 2 0 - - - 17 1 2018 Сиетл Саундерс МЛС 15 1 УСО 0 0 КЛШ 2 1 - - - 17 2 Вкупно 171 21 26 7 21 3 1 0 218 31

Титули Молде Норвешко првенство : 4 2011, 2012, 2019, 2022 Куп на Норвешка : 2 2013, 2021-2022

Малме Шведско првенство : 2 2016, 2017

Наводи

Надворешни врски Профил на moldefk.no Магнус Ајкрем на BBC Sport

Категорија:Живи луѓе Категорија:Норвешки фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Манчестер Јунајтед Категорија:Фудбалери на ФК Молде Категорија:Фудбалери на ФК Херенфен Категорија:Фудбалери на ФК Кардиф Сити Категорија:Фудбалери на ФК Малме Категорија:Фудбалери на ФК Сиетл Саундерс Категорија:Родени во 1990 година