Папуа Нова Гвинеја е поделена на 4 региони, кои опфаќаат 20 покраини, еден автономен регион (Бугенвил) и еден национален престолнински округ. Папуа Нова гвинеја не е федерација од покраини, туку унитарна држава, каде покраините се потчинети на централната власт.
Покраини мини|десно|420п|Карта на покраините во Папуа Нова Гвинеја Еве список на покраините во земјата:Статистики за Папуа Нова Гвинеја
Бр.ПокраинаАдмин. центарПовршина(км2)НаселениеГустина(жит/км2)Регион1Централна Порт Морсби29.500183.1536,21Папуа2Чимбу Кундијава6.100258.77642,42Планински3Источна ПланинскаГорока11.200 429.48038,35Планински4Источна Нова Британија Кокопо15.500 220.03514,20Островски5Источен Сепик Вевак42.800 341.5837,98Момасе6ЕнгаВабаг12.800 289.29922,60Планински7ЗаливскаКерема34.500 105.0503,04Папуа8МадангМаданг29.000 362.08512,49Момасе9Манус Лоренгау2.100 43.58920,76Островски10Милн БејАлотау14.000 209.05414,93Папуа11МоробеЛае34.500 536.91715,56Момасе12Нова ИрскаКавиенг9.600 118.14812,31Островски13ОроПопондета22.800 132.7145,82Папуа14Бугенвил (авт. регион)Арава9.300 175.05315,18Островски15Јужна Планинска Менди15.100360.31823,86Планински16Западна Дару99.300 152.0671,53Папуа17Западна Планинска Маунт Хаген4.300254.22759,12Планински18Западна Нова Британија Кимбе21.000 184.8388,80Островски19СандаунВанимо36.300 185.7905,12Момасе20Национален Престолнински ОкругПорт Морсби240252.4691051,95Папуа21Хела Тари10.500185.94717,71Планински22Џивака Мињ4.800185.64138,68Планински
Региони мини|300п|Региони на Папуа Нова Гвинеја Земјата се дели на четири региони, кои играат значајна улога во секојдневниот живот. Неретко според нив се води организацијата на владините служби, подрачјата на стопанисување, спортските натпревари, па дури и политичките игри. Кај населението има силно чувство на регионална припадност, и постојат сериозни меѓурегионални соперништва. Честопати министрите и другите функционери се назначуваат од сите региони за да се запази рамнотежата.
Четирите региони се:
Папуа Планински Момасе Островски
„Момасе“ е новосоздадена кованка составена од првите три букви од Моробе, Маданг и Сепик.
Поврзано Географија на Папуа Нова Гвинеја Демографија на Папуа Нова Гвинеја ISO 3166-2:PG
Наводи
Категорија:Административна поделба на Папуа Нова Гвинеја Категорија:Списоци за Папуа Нова Гвинеја