мини|десно|300п|Карта на покраините и териториите во Канада со нивните кратенки Покраините и териториите на Канада се првостепени административни единици во земјата. Постојат 10 покраини и 3 територии. Главната разлика помеѓу нив е во тоа што покраините имаат своја самобитност, додека пак териториите ѝ се потчинети непосредно на сојузната влада. Покраините се сметаат за косуверени делови, секоја со своја „Круна“, која ја претставува намесен гувернер (lieutenant-governor). Териториите не се суверени, туку претставуваат обични делови од државата. На чело на секоја територија стои комесар (commissioner).

Десетте покраини се Алберта, Британска Колумбија, Квебек, Манитоба, Нова Шкотска, Њу Бранзвик, Њуфаундленд и Лабрадор, Онтарио, Островот Принц Едвард и Саскачеван. Трите територии се Јукон, Нунавут и Северозападните Територии.

Покраини

Покраини во Канада Знаме Грб Покраина Пошт.кратенка Главен град Најголем град Стапила во сојуз Население Површина: земја (км2) Површина: вода (км2) Површина: вкупна (км2) Службен јазик Сојузен парламент: Општински пратеници Сојузен парламент: Сенатори 30п 30п Онтарио ON Торонто Торонто 12.851.821 917.741 158.654 1.076.395 англиски 106 24 30п 30п Квебек QC Квебек Монтреал 7.903.001 1.356.128 185.928 1.542.056 француски 75 24 30п 30п Нова Шкотска NS Халифакс Халифакс 921.727 53.338 1.946 55.284 англиски 11 10 30п 30п Њу Бранзвик NB Фредериктон Сент Џон 751.171 71.450 1.458 72.908 англискифранцуски 10 10 30п 30п Манитоба MB Винипег Винипег 1.208.268 553.556 94.241 647.797 англиски, 14 6 30п 30п Британска Колумбија BC Викторија Ванкувер 4.400.057 925.186 19.549 944.735 англиски 36 6 30п 30п Остров Принц Едвард PE Шарлоттаун Шарлоттаун 140.204 5.660 0 5.660 англиски 4 4 30п 30п Саскачеван SK Реџина Саскатун 1.033.381 591.670 59.366 651.036 англиски 14 6 30п 30п Алберта AB Едмонтон Калгари 3.645.257 642.317 19.531 661.848 англиски 28 6 30п 30п Њуфаундленд и Лабрадор NL Сент Џонс Сент Џонс 514.536 373.872 31.340 405.212 англиски 7 6

Белешки: А. де факто; францускиот има ограничен уставен статус Б. Повелба за францускиот јазик; англискиот има ограничен уставен статус В. Нова Шкотска ги има распуштено градовите во 1996 г. за сметка на „регионални заедници“ Г. Нова Шкотска има многу малку двојазични законодавни акти (три на англиски и француски; еден на англиски и полски); некои управни органи имаат озаконето двојазични имиња на англиски и француски Д. Став 16 од Повелбата за права и слободи на Канада Ѓ. Закон за Манитоба

Пред осојузувањето, Онтарио и Квебек ја сочинувале колонијалната Покраина Канада. Британска Колумбија, Њу Бранзвик, Нова Шкотска и Островот Принц Едвард биле посебни колонии. Манитоба е создадена во исто време со Северозападните Територии. Сакскачеван и Алберта се создадени со одвојување на земјиште од Северозападните Територии. Њуфаундленд бил независен доминион во рамките на Комонвелтот пред да се припои кон Канада. Британските власти го префрлиле Лабрадор од Долна Канада во Њуфаундленд во 1809 г, но местоположбата на лабрадорската граница останала спорна сè до 1927 г. Покраината го сменила името од „Њуфаундленд“ во „Њуфаундленд и Лабрадор“ со уставен амандман усвоен на 6 декември 2001 г. Со исклучок на Фредериктон и Викторија, главните градови на покраините се или најголеми или втори по големина во својата покраина. Фредериктон е на третото место во Њу Бранзвик, а пак Викторија го зазема дури десеттото место во Британска Колумбија.

Главни градови на покраините

Територии Канада има три територии. За разлика од покраините, териториите немаат сопствена самобитност, туку само овластувањата што им ги дава сојузната влада. Териториите ја опфаќаат сета копнена Канада северно од 60° СГШ и западно од Хадсоновиот Залив, како и сите острови северно од континентална Канада (од оние во Џејмсовиот Залив, па сè до канадските арктички острови). На табелата, териториите се наведени по првенство (секоја покраина има првенство над териториите, без оглед на тоа кога се создадени).

Територии во Канада Знаме Грб Територија Пошт. кратенка Главен и најголем град Стапила во сојуз Население Површина: земја (км2) Површина: вода (км2) Површина: вкупно (км2) Службени јазици Сојузен парламент: Општински пратеници [Сојузен парламент: Сенатори 30п 30п Северозападни Територии NT Јелоунајф 41.462 1.183.085 163.021 1.346.106 чипевјански, кри, англиски, француски, гвичински, инуинактун, инуктитут, инувијалучки, севернослејвиски, севернослејвиски, догрипскиЗакон за службените јазици на Северозападните Територии, 1988 (со аманд. 1988, 1991-1992, 2003) 1 1 30п 30п Јукон YT Вајтхорс 33.897 474.391 8.052 482.443 англискифранцуски 1 1 30п 30п Нунавут NU Икалуит 31.906 1.936.113 157.077 2.093.190 инуинактунски, инуктитутски,англиски, француски 1 1

Белешка: Нунавут и Јукон се создадени со одвојување на делови од Северозападните Територии.

Главни градови на териториите

Поврзано Географија на Канада Демографија на Канада

Наводи

Надворешни врски

Покраини и територии - Влада на Канада Покраините и териториите во Канада - владин портал „Одиме во Канада“

Категорија:Административна поделба на Канада Категорија:Списоци за Канада Категорија:Првостепени административни единици на земјите