Здењек Штибар (; р. ) — чешки професионален велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата . Се натпреварувал како велокрос велосипедист, а од 2011 ја продолжил својата кариера во друмскиот велосипедизам, но сепак продолжил да вози на некои велокрос трки.

Кариера

мини|лево|Штибар на Суперпрестиж Зонховен во 2011 година

По последователните втори места во 2008 и 2009, Штибар победил на Светското велокрос првенство на домашен терен. Во 2011 го освоил Светското првенство по вторпат. Во 2012 остварил победа во друмскиот велосипедизам преку етапа на Четири дена Динкерк. Во 2013, Штибар стигнал шести на Париз-Рубе. Бил во можност за победа, додека бил дел од водечкото трио со Сеп Ванмарке и Фабијан Канчелара, кога удрил во гледач, што го забавило во однос на останатите. Се обидел да се врати до двајцата напред, но без никаков успех. Во август истата година, Штибар ја освоил трката Енеко Тур – дел од Светската турнеја на UCI – освојувајќи две етапи на самата трка. Подоцна истиот месец, Штибар ја освоил седмата етапа на Вуелта а Еспања 2013 победувајќи го светскиот првак Филип Жилбер.

мини|десно|Штибар на Париз-Рубе 2013

Во 2014 година, Штибар го освоил Светското велокрос првенство по третпат во жестока борба со бранителот на титулата Свен Нис.

На Енеко Тур 2014, Штибар ги почувствувал челичните прегради на четвртата етапа близу целта и морал да оди во болница. Ги скршил и ги изгубил неговите предни заби во падот. По неговото враќање се жалел до Меѓународниот велосипедистички сојуз дека истите опасни прегради биле користени на Гран при Квебек. Негова прва победа по неговото враќање била Бинше-Шиме-Бинше, каде нападнал на два километри до целта на мало искачување со калдрма откако тргнал по колегата Ники Терпстра на подножјето на искачувањето. Штибар имал време да прослави, доаѓајќи две секунди пред Џон Дегенколб и останатите спринтери.

Во 2015 година, Штибар го освоил италијанскиот класик Страде Бјанке. Исто така имал одлична белгиска класична сезона. Завршил втор на Е3 Харелбеке зад Герајнт Томас. На Трката околу Фландрија, неговите вештачки предни заби скршени во 2014 година му отпаднале при возењето на искачување со калдрма и морал да ги извади. Успеал да заврши на трката на деветтото место. Го освоил второто место на Париз-Рубе, откако бил претекнат од Џон Дегенколб на велодромот во Рубе.

upright|мини|десно|Штибар на Тур де Франс 2017

Бил вклучен во почетниот состав за Тур де Франс 2015. Остварил успех на шестата етапа, каде забрзал на кратката, но стрмна нагорнина на неколку стотици метри пред целта. Се одржал пред Петер Саган, поминувајќи ја целта со две секунди предност пред намалената група.

Штибар завршил втор на Страде Бјанке 2016 откако бил претекнат од бегалецот Фабијан Канчелара на целта во Сиена. Следната недела ја освоил втората етапа на Тирено-Адријатико 2016 по доцен соло-напад, за да го преземе водството на трката. Завршил седми на крајот на трката.

Штибар завршил втор зад Грег ван Авермат на Париз-Рубе 2017, во спринтерската петочлена завршница на велодромот во Рубе.

Во мај 2018 година бил именуван во почетниот состав за Џиро д’Италија 2018. Во 2019 година повторно завршил меѓу првите десет на Париз-Рубе, негов шести пласман меѓу првите десет на трката.

Достигнувања Велокрос

2002 1. 20п Национални јуниорски велокрос првенства 2005 1. 20п Национални велокрос првенства под 23 години 1. 20п Светски велокрос првенства под 23 години 2006 1. 20п Национални велокрос првенства под 23 години 1. 20п Светски велокрос првенства под 23 години 1. ГП Шимано 1. Хардервејк 1. Ардоије 1. Велокрос Рудерворде 1. Велокрос Тревизо (под 23 години) 1. Велокрос Одерцо 2007 1. Велокрос Луни 1. Велокрос П’лзењ 1. Велокрос Калмтут 1. Велокрос Одерцо 1. Велокрос Подборжани 2. Велокрос Рудерворде 2. Болекескрос 3. Суперпрестиж Дигем 2008 1. 20п Национални велокрос првенства 1. Суперпрестиж Дигем 1. Азенкрос 2. Вламсе Ардбајенкрос 2. ГП Румур 2009 1. 20п Национални велокрос првенства 1. Дуненкрос Коксејде 1. Циклокрос Игоре 1. Болекескрос 1. ГП ван Хаселт 2. ГП Свен Нис 2. Вламсе Ардбајенкрос 2. Суперпрестиж Дигем 3. Велокрос Рудерворде 3. Велокрос Гавере 3. Велокрос Намур 3. ГП Румур 3. Азенкрос 2010 1. 20п Светско велокрос првенство 1. Краен пласман Светски куп UCI 1. 20п Национално велокрос првенство 1. Краен пласман Суперпрестиж 1. Велокрос ГП Лил Метропол 1. Циклофил Егл 1. Велокрос П’лзењ 1. Велокрос Рудерворде 1. Велокрос Намур 1. Велокрос Зонховен (октомври) 2. ГП Свен Нис 2. Краватенкрос 2. Слутингспрејс Остмале 2. Велокрос Зонховен (февруари) 2. Велокрос Ворселар 2. ГП ван Хаселт 2. Азенкрос 3. Суперпрестиж Дигем 2011 1. 20п Светско велокрос првенство 1. 20п Национално велокрос првенство 1. Болекескрос 2. ГП Свен Нис 2. Краватенкрос 2. Слутингспрејс Остмале 2. Супер Трофеј Крос Ронсе 2. ГП ван Хаселт 2. Азенкрос 3. Велокрос Гавер 3. Велокрос Копенберг 2012 1. 20п Национално велокрос првенство 1. Велокрос Љевин 1. Нордзекрос 2. Краватенкрос 2. Слутингспрејс Остмале 2. Азенкрос 3. Суперпрестиж Дигем 2013 1. 20п Национално велокрос првенство 1. Верслујс Велокрос Бредене 2. ГП Свен Нис 3. ГП Ерик де Влеминк 2014 1. 20п Светско велокрос првенство

друмски

2006 1. Етапа 6 Волта Сиклиста Интернасионал а Љеида 1. Етапа 3 Тур де Пиринеи 2012 1. Етапа 3 Трка околу Полска 2. Краен пласман Четири дена Динкерк 1. Етапа 4 2013 1. 20п Краен пласман Енеко Тур 1. Етапа 3 1. Етапа 7 1. Етапа 7 Вуелта а Еспања 1. Етапа 1 (ТТТ) Тирено-Адријатико 6. Париз-Рубе 2014 1. 20п Национално друмско првенство 1. Етапа 2 Енеко Тур 1. Бинше-Шиме-Бинше 3. Национално хронометарско првенство 5. Париз-Рубе 7. Милано-Санремо 10. Класика де Сан Себастијан 2015 1. Страде Бјанке 1. Етапа 6 Тур де Франс 2. Е3 Харелбеке 2. Париз-Рубе 3. Вуелта а Мурсија 3. Краен пласман Велосипедска трка Чешка 1. 20п Бодовен пласман 1. Етапа 1 (ТТТ) 1. Етапа 4 5. Краен пласман Трка околу Британија 7. Омлоп Хет Ниусблад 9. Трка околу Фландрија 2016 2. Национално друмско првенство 2. Страде Бјанке 2. Бинше-Шиме-Бинше 3. Трофео Поленка-Порт де Андрат 7. Краен пласман Тирено-Адријатико 1. Етапа 2 7. Краен пласман Енеко Тур 8. Трка околу Фландрија 8. Џиро дел Пиемонте 2017 1. 20п Национално друмско првенство 2. Париз-Рубе 4. Страде Бјанке 9. Курне-Брисел-Курне 2018 1. 20п Бодовен пласман БинкБенк Тур 6. Класик Бретања 6. ГП Квебек 6. Дварс дор Вландерен 7. Страде Бјанке 8. Гент-Вевелгем 9. Париз-Рубе 9. Е3 Харелбеке 10. Трка околу Фландрија 2019 1. Е3 БинкБенк Класик 1. Омлоп Хет Ниусблад 4. Страде Бјанке 6. Краен пласман Волта ао Алгарве 1. Етапа 5 8. Париз-Рубе 2020 1. Етапа 6 Вуелта а Сан Хуан 2. Национално друмско првенство 6. Страде Бјанке

Распоред на резултатите на класиците

Монумент201220132014201520162017201820192020Милано-Санремо— 66 7 56 142—— 67 19Трка околу Фландрија— 36 18 9 8 67 10 36 Париз-Рубе— 6 5 2 110 2 9 8 НСОЛиеж-Бастоњ-Лиеж — — — — — — — —Џиро ди Ломбардија——— СО————— Класична трка201220132014201520162017201820192020Омлоп Хет Ниусблад — 92 297 — 14 201 36Страде Бјанке——— 1 2 4 7 4 6Е3 Харелбеке— 40 19 2— 53 91НСОГент-Вевелгем— 57 20 38— 52 8 35 Класика де Сан Себастијан 45— 10 38 28 26——НСОПариз-Тур 10——— 71 71——

Распоред на резултатите на големите трки

Голема трка 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019 2020 20п|link=Генерален пласман на Џиро д’Италија Џиро——————80—— 20п|link=Генерален пласман на Тур де Франс Тур———103—102——— 20п|link=Генерален пласман на Вуелта а Еспања Вуелта76СО——63——55102

СО = се откажал; — = не настапил

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Родени во 1985 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Велокрос велосипедисти Категорија:Чешки велосипедисти Категорија:Светски прваци во велосипедизам Категорија:Чешки етапни победници на Вуелта а Еспања Категорија:Чешки етапни победници на Тур де Франс Категорија:Велосипедисти на Летните олимписки игри 2016 Категорија:Олимписки велосипедисти на Чешка Категорија:Велосипедисти на Летните олимписки игри 2020