Вартбург () — округ во западниот дел на Тирингија, Германија. Соседни окрузи се (од север надесно) Унштрут-Хајних, Гота, Шмалкалден-Мајнинген и окрузите Фулда, Херсфелд-Ротенбург и Вера-Мајснер во Хесен. Слободниот град Ајзенах е скоро целосно опкружен од округот.

Историја

Округот бил создаден во 1994 со спојување на претходните окрузи Ајзенах и Бад Залцунген и неколку општини од округот Бад Лангензалца. Градот Ајзенах бил изземен од округот во 1998 и стана слободен град.

Округот е именуван по Вартбург, замок близу Ајзенах кој е познат како резиденција на Лудвиг, ландгроф на Тирингија и неговата жена, Света Елизабета од Унгарија и како место каде се засолнил Мартин Лутер во 1521.

Географија мини|Приемната зграда на железничката станица Герстунген Округот се наоѓа на подрачјето во Тириншката Шума, вклучувајќи го националниот парк Хајних. Главна река во округот е Вера.

Грб

130п|ГрбГрбот комбинира симболи на историски држави кои постоеле на територијата. Во горниот лев дел и долниот десен дел е лавот на војводите од Тирингија, кокошката во горниот десен дел се однесува на грофовите Хенеберг и црниот крст во долниот лев дел е симбол на царската опатија и државата Фулда.

Градови и општини

Слободни градовиСлободни општини Бад Залцунген Бад Либенштајн Гајза Калтенордхајм Рула Трефурт Фаха Бархфелд-Имелборн Бутлар Дидорф Емпфертсхаузен Етенхаузен на Зул Фрауензе Герстенгрунд Герстунген Херзелберг-Хајних Крајенбергемајнде<li>Лајмбах <li>Маркзул <li>Моргрунд <li>Шлајд <li>Зебах <li>Тифенорт <li>Унтербрајцбах <li>Волфсбург-Ункерода <li>Вута-Фарнрода Општински заедници1. Берка/Вера Берка/Вера1, 2 Данкмарсхаузен Дипах Гросензе2. Дермбах Брунхартсхаузен Дермбах1 Најдхартсхаузен Ехзен Штатленгсфелд2 Урнсхаузен Вајлар Визентал Цела/Рен3. Мила Берка фор дем Хајних1 Бишофрода Кројцбург2 Ебенсхаузен Франкенрода Халунген Ифта Краутхаузен Лаутербах Мила Наца1седиште на општинската заедница;2град

Наводи

Надворешни врски Официјална страница ()

Категорија:Окрузи во Тирингија