Праокеански јазик — реконструиран јазик, предок на сите денешни океански јазици. Овој јазик бил предложен како предок на денешните океански јазици, особено по делата објавени од Ото Демпволф. Праокеанскиот бил австронезиски јазик, и самиот тој потекнува од праавстронезискиот јазик, предок на сите австронезиски јазици. Праокранскиот се зборувал најверојатно пред 4200 години, на Бизмарковиот Архипелаг во Папуа Нова Гвинеја.

Фонологија Фонологијата на праокеанскиот јазик може да биде реконструирана со разумна сигурност.See Ross, Pawley, Osmond (1998: 15). Праокеанскиот имал 5 самогласки: *i, *e, *a, *o, *u, без должина на самогласки. Јазикот исто така имал 23 согласки:

лабиовеларни билабијални алвеоларни палатални веларни увуларни експлозивни безвучни пренасализирани носни фрикативни вевни рамни пренасализирани латерални полусамогласки

Синтакса Голем број јазици од Нова Гвинеја, Вануату, Соломоните и Микронезија имаат зборовен редослед подмет-прирок-предмет. Редоследот подмет-предмет-прирок, или кој било редослед каде глаголот е на крај се смета за невообичаен за океанските јазици. Ваквите зборовни редоследи можат да се најдат во Нова Гвинеја и во некои делови на Соломоните. Ваквиот редослед е карактеристичен за папуанските јазици, и може тие влијаеле врз некои од австронезиските јазици. Не е познат редоследот на праокеанскиот јазик.

Наводи

Литература

Надворешни врски Класификација на океанските јазици Детална презентација и библиографија на океанските јазици

Категорија:Океански јазици Категорија:Прајазици Категорија:Мртви јазици во Океанија