Локални избори во Македонија во 2013 година — избори што се одржале на 24 март и 7 април 2013 со цел избирање на советници и градоначалници во 80 општини во Република Македонија. Изборите биле распишани на 11 јануари 2013 од страна на собранискиот претседател Трајко Вељаноски. Во избирачкиот список биле запишани вкупно 1.743.403 гласачи. На локалните избори учествувале 16 политички партии, 8 коалиции и 97 независни листи. Вкупно биле поднесени 350 листи за градоначалници и 480 листи за советници.Конечен извештај на Набљудувачката мисија за избори на ОБСЕ/ОДИХР за локалните избори 2013. На нив се пријавиле 8.878 кандидати за градоначалници и советници.„8.878 кандидати за градоначалници и за советници“, Алфа ТВ, 24.03.2013.
Заднина СДСМ настојувала заедно со локалните да се одржат и предвремени парламентарни избори, но ова било одбиено од страна на владејачката партија ВМРО ДПМНЕ. На распишувањето на изборите му претходело и собраниски бојкот од страна на СДСМ поради настаните од 24 декември 2012 година. Во почетокот на март, во Македонија пристигнала европска делегација за надминување на политичката криза. По неколкучасовни разговори со политичките водачи, еврокомесарот Штефан Филе, известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Ричард Ховит и поранешниот претседател на Европскиот парламент Јежи Бузек, водачот на опозицијата Бранко Црвенковски се согласил да учествува на престојните локални избори.
Резултати за градоначалници по општина
Грб Општина Број на гласачи Победник Освоени гласови % на освоени гласови Партија Скопје 444.259 Коце Трајановски 124.455 59,35% 50px Аеродром 63.474 Ивица Коневски 25.814 60,14% 50px Арачиново 8.535 Брахим Ајваз 2.933 52,11% 50px Берово 11.288 Драги Наџиски 4.924 51,97% 50px 30px Битола 81.373 Владимир Талески 27.420 54,93% 50px Богданци 6.977 Анастасија Олумчева 3.044 52,48% 50px Боговиње 24.864 Хазби Идризи 6.039 52,94 50px Босилово 11.842 Љупчо Колев 4.442 53,22 50px 30px Брвеница 14.157 Енвер Пајазити 4.479 51,92% 50px Бутел 31.916 Петре Латиновски 9.286 65,12% 50px Валандово 10.071 Николче Чурлиновски 4.659 59,1% 50px Василево 9.919 Ванчо Стојанов 4.482 61,14% 50px Вевчани 2.055 Цветомир Угриноски 1.124 64,05% 50px Велес 46.261 Славчо Чадиев 18.059 54,41% 50px 30px Виница 17.008 Емил Дончев 6.650 59,81% 50px Врапчиште 23.427 Бајрам Кадрија 5.579 51,25% 50px Гази Баба 60.638 Тони Трајковски 21.231 56,45% 50px 30px Гевгелија 19.391 Иван Франгов 8.722 53,82% 50px Гостивар 75.139 Невзат Бејта 19.348 50,49% 50px 30px Градско 3.127 Жанета Чаушевска 1.221 50,79% 50px 30px Дебар 16.936 Ружди Љата 6.056 71,84% 50px Дебрца 4.569 Игор Трајкоски 1.822 51,59% 50px Делчево 14.974 Дарко Шехтански 6.245 57,18% 50px Демир Капија 3.406 Трајче Димитриев 1.933 66,68% 50px Демир Хисар 7.419 Љупчо Блажевски 3.411 55,49% 50px Дојран 2.757 Борче Стамов 1.278 55,66% 50px Долнени 10.521 Боше Милошески 4.048 51,71% 50px Ѓорче Петров 36.100 Сокол Митровски 11.934 50,4% 50px Желино 20.829 Фатмир Изаири 4.985 52,9% 50px Зелениково 3.645 Веле Груевски 1.476 51,32% 50px 30px Зрновци 2.618 Блаже Станков 1.076 59,68% 50px 30px Илинден 13.475 Жика Стојановски 6.542 66,21% 50px Јегуновце 9.576 Тони Коцески 2.690 54,97% 50px 30px Кавадарци 32.029 Александар Панов 13.084 56,66% 50px Карбинци 3.241 Зоран Минов 1.456 58,78% 50px Карпош 52.506 Стевчо Јакимовски 19.764 63,36% ГРОМ 30px Кисела Вода 51.459 Билјана Беличанец 20.419 59,91% 50px Кичево 48.075 Фатмир Дехари 18.552 52,62% 50px Конче 2.755 Благој Јанев 1.326 57,68% 50px 30px Кочани 32.608 Ратко Димитровски 12.636 52,48% 50px Кратово 8.376 Мите Андоновски 3.910 61,35% 50px Крива Паланка 17.169 Арсенчо Алексовски 6.992 50,73% 50px Кривогаштани 4.577 Тони Заткоски 2.115 57,09% 50px Крушево 8.050 Ѓорги Дамчески 3.429 54,22% 50px Куманово 88.708 Зоран Дамјановски 26.118 50,77% 50px 30px Липково 22.852 Садула Дураку 6.073 50,9% 50px Лозово 2.139 Орце Цветковски 991 54,33% 50px Маврово и Ростуше 9.416 Мукарем Мемеди 2.072 51,05% 50px Македонска Каменица 6.692 Дарко Митевски 3.346 65,58% 50px Македонски Брод 5.432 Милосим Војневски 2.831 62,69% 50px Могила 5.476 Стево Пивковски 2.318 52,56% независен Неготино 15.942 Ванчо Апостолов 6.957 55,57%50px Новаци 3.027 Лазар Котевски 1.837 79,42% 50px 30px Ново Село 11.032 Блажо Велков 3.335 50,63% 50px Охрид 50.686 Никола Бакрачески 21.004 57,17% 50px 30px Петровец 7.202 Борче Митевски 3.663 68,07% 50px Пехчево 4.364 Игор Поповски 2.319 63,48% 50px Пласница 4.678 Исмаил Јахоски 1.585 55,63% 50px Прилеп 63.431 Марјан Ристески 28.632 57,79% 50px 30px Пробиштип 13.088 Тони Тоневски 7.023 70,81% 50px Радовиш 23.537 Сашо Николов 10.026 58,22% 50px Ранковце 3.109 Момчило Алексовски 1.474 54,98% 50px Ресен 16.526 Ѓоко Стрезовски 6.644 62,68% 50px Росоман 3.321 Стојанче Лазов 1.516 53,66% 50px Сарај 28.444 Беким Мурати 8.888 53,34% 50px Свети Николе 15.012 Зоран Тасев 7.363 60,71% 50px Сопиште 4.605 Стефче Трпковски 1.923 54,45% 50px Старо Нагоричане 3.551 Милован Стојковски 1.380 51,98% 50px Струга 56.341 Зијадин Села 20.770 57,3% 50px Струмица 47.424 Зоран Заев 19.122 51,56% 50px 30px Студеничани 13.944 Азем Садику 4.225 49,75% 50px 30px Теарце 20.657 Исен Асани 5.802 55,87% 50px Тетово 77.570 Теута Арифи 24.536 55,54% 50px 30px Центар 42.667 Андреј Жерновски 14.383 50,29% 50px Центар Жупа 6.310 Аријан Ибраим 1.844 51,42% 50п Чаир 55.566 Изет Меџити 15.679 62,72% 50px 30px Чашка 5.690 Горанчо Пановски 2.400 60,18% 50px Чешиново-Облешево 5.788 Костадин Личков 2.526 55,75% 50px Чучер-Сандево 6.982 Јован Пејковски 3.333 61,55% независен Штип 41.573 Илчо Захариев 18.560 58,83% 50px Шуто Оризари 21.489 Елвис Бајрам 6.067 57,81% 50п
Советнички места
Реакции по изборите ПолитичарИзјаваНикола Груевски„И овојпат, во овој втор изборен круг победија делата, победи ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата За подобра Македонија, победија работата, остварените ветувања, победи остварениот однос кон граѓаните, работата и трудот, победи концептот кој со труд, со остварувања, со работа и со одговорен пристап кон работата, искрен однос кон народот во минатите години неуморно работеше и неуморно создаваше дела. Територијалната поделба во 2004 година за која што ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија укажуваше дека не е соодветна, се покажа како кобна на овие избори за Кичево и Струга. Ние како влада остануваме максимално да помагаме и на Струга и на Кичево како неотуѓив дел од нашето ткиво.“Бранко Црвенковски„Овие избори не поминаа во фер и демократска атмосфера и затоа тие се нелегитимни. Работите во нашава земја нема да излезат на арно, за жал не е далеку денот кога ќе треба да се плати огромна цена за овие погрешни политики, а цената ќе ја платиме сите. И за тоа сите што мислат дека на овие избори СДСМ беа поразени, сакам да им кажам дека грдо се лажат, на овие избори изгуби нашиот народ и целата наша земја.“Али Ахмети„Ова е најголема победа во нашата историја. Освен ова, ДУИ и нејзините активисти помогнаа и за големата победа на Зијадин Села во Струга.“Мендух Тачи„Не беше невозможна мисија, туку нерамноправна борба, со многу притисоци и уцени од сите сегменти на власта на ДУИ. Непринципиелно се здружија со македонските партии, со ВМРО, со СДСМ, па и НДП на Руфи Османи.“Граѓанска асоцијација „Мост“„Според извештаите и информациите добиени од набљудувачите и од 27 регионални координатори, прелиминарната оценка на Граѓанската асоцијација МОСТ е дека гласањето на 7 април беше спроведено во генерално мирна атмосфера со незначително намален број на нерегуларности, но во околности во кои се покрена прашањето околу квалитетот на Избирачкиот список и довербата во истиот. Најчести нерегуларности за кои известуваа нашите набљудувачи се: семејно гласање, некористење на УВ ламбата и спрејот, фотографирање на гласачките ливчиња, како и непочитување и злоупотреба на процедурата за гласање на лица кои не можат да гласаат сами. Обврска на избирачките одбори е да ги спречат ваквите нерегуларности.“
Наводи
Надворешни врски Изборна архива за Локалните избори 2013 Илина Мангова и др., „Прирачник за локални избори во Република Македонија 2013 година“
2013 Категорија:Македонија во 2013 година