Шлезвиг-Холштајн (, долногермански: Sleswig-Holsteen, , фризиски: Slaswik-Holstiinj) — најсеверната од шеснаесетте сојузни покраини на Германија, составена од историското војводство Холштајн и јужниот дел на поранешното војводство Шлезвиг. Главен град на сојузната покраина е Кил, а други поголеми градови се Либек, Фленсбург и Нојминстер.
Сојузната покраина се наоѓа помеѓу Северното и Балтичкото Море и е втора најмала територијална (тука не влегуваат покраините градови-држави) покраина зад Сар.
Денешната сојузна покраина била создадена по Втората светска војна од пруската покраина Шлезвиг-Холштајн. На север се граничи со данскиот регион Јужна Данска, на југ со сојузните покраини Хамбург и Долна Саксонија, додека на југоисток со Мекленбург-Западна Померанија.
Историски, името може исто така да се однесува на поголема област, која се однесува на денешниот Шлезвиг-Холштајн и поранешниот округ Јужен Јиланд (Северен Шлезвиг) во Данска.
Историја
мини|Историски населени области во денешниот Шлезвиг-Холштајн мини|Саксонски ѕид (Limes Saxoniae), границата помеѓу Сасите и Ободритите, воспоставена околу 810 година во денешниот Шлезвиг-Холштајн мини|Кил — главен и најголем град на сојузната покраина. мини|Градот Либек бил средиште на Ханзата, а денес, самиот град е светско културно наследство. Либек е родното место на писателот Томас Ман. мини|Светско природно наследство, Ваденското Море мини|upright|Островите, плажите и градови во Шлезвиг-Холштајн се омилени туристички одредишта (на сликата: островот Зилт).
Терминот „Холштајн“ потекнува од старосаксонскиот, Holseta Land, (Holz означува дрво во стандардизираниот германски јазик). Првично се однесувал на средишното од трите саксонски племиња северно од реката Елба. Областа на Холштајн се наоѓала помеѓу реката Штер и Хамбург, а по христијанизацијата нивната главна црква била во Шенефелд. Саксонски Холштајн станал дел од Светото Римско Царство откако Карло Велики победил во војните со Сасите кон крајот на век. Од 811 година северната граница на Холштајн (и со тоа на Царството) била одбележана со реката Ајдер.
Терминот „Шлезвиг“ потекнува од градот Шлезвиг. Името потекнува од морскиот ракав Шлај во источниот дел, а vik означува залив или населба на старосаксонски и старонордиски јазик. Името е слично на имињата на места кои завршуваат на „-wick“ или „-wich“ долж бреговите на Велика Британија.
Војводството Шлезвиг или Јужен Јитланд било првично составен дел на Данска, но во средноковниот период било основано како феуд на Кралството Данска, со иста поврзаност на данската круна како на пример Бранденбург или Баварија кон Светото Римско Царство. Околу 1100 година, војводата на Саксонија го дал Холштајн, негов посед, на грофот Адолф I фон Шауенбург.
Шлезвиг и Холштајн во различно време припаѓале делумно или целосно било на Данска било на Германија, или пак практично биле независни држави. Исклучок е дека Шлезвиг никогаш не бил дел од Германија до Германско-данската војна („Втора Шлезвишка војна“) во 1864 година. Со векови, кралот на Данска бил дански војвода на Шлезвиг и германски војвода на Холштајн. Всушност, Шлезвиг или целосно припаѓал на Данска или бил дански феуд, а Холштајн бил германски феуд и некогаш суверена држава. Обете територии неколку векови биле владеени од данските кралеви. Во 1721 година цел Шлезвиг бил обединет како единствено војводство под водство на кралот на Данска, а големите сили на Европа тоа го потврдиле со меѓународен договор со кој сите идни кралеви на Данска треба автоматски да станат војводи на Шлезвиг, а според тоа Шлезвиг секогаш ќе го следи истиот ред на наследство како оној избран во Кралството Данска.
Германското национално будење кое следело по Наполеоновите војни довело до создавање на силно движење во Холштајн и Јужен Холштајн за обединување со новата Германија, тогаш главно владеена од Прусија. Овој развој течел рамномерно со силното данско национално будење во Данска и Северен Шлезвиг. Ова движење повикувало на потполно вклучување на Шлезвиг во Кралството Данска и барало ставање крај на дискриминацијата на Данците во Шлезвиг. Претстоечкиот конфликт понекогаш бил нарекуван Шлезвишко-холштајнско прашање. Во 1848 година, кралот Фредерик VII на Данска објавил дека Данска ќе добие либерален устав и итна цел на данското национално движење било да обезбеди дека уставот ќе им даде права не само на сите Данци, т.е. не само на оние во Кралството Данска, туку исто така и на Данците (и Германците) кои живеат во Шлезвиг. Понатаму, барале заштита на данскиот јазик во Шлезвиг (главниот јазик во скоро четвртина од Шлезвиг се променил од дански во германски од почетокот на век).
Либералниот устав за Холштајн не бил сериозно разгледуван во Копенхаген, бидејќи било добро познато дека политичката елита на Холштајн биле поконзервативни отколку оние во Копенхаген. Германско настроени претставници од Шлезвиг-Холштајн барале Шлезвиг-Холштајн да добие свој устав и дека Шлезвиг треба да му се приклучи на Холштајн како член на Германскиот Сојуз. Овие барања биле одбиени од данската влада во 1848 година и Германците од Холштајн и Јужен Шлезвиг се побуниле. Ова ја започнало Данско-пруската војна (1848–51; „Прва Шлезвишка војна“), која завршила со данска победа кај Идштет.
Во 1863 година повторно избил конфликт кога кралот Фредерик VII на Данска умрел без законски наследник. Според редоследот на наследување на Данска и Шлезвиг, круните на Данска и Шлезвиг би преминале на војводата Кристијан од Гликсбург, кој станал Кристијан IX; преносот на Војводството Холштајн на глава на (германско настроен) дел од данското кралско семејство, династијата Августенборг било поконтроверзно. Одвојувањето на двете војводства било оспорувано од наследникот на Августенборг, кој тврдел, во 1848 година, дека е вистинскиот владетел на Шлезвиг и Холштајн. Прогласувањето на заедничкиот устав за Данска и Шлезвиг во ноември 1863 година го натерало Ото фон Бизмарк да се вмеша и Прусија и Австрија објавиле војна на Данска. Ова било Втората Шлезвишка војна, која завршила со дански пораз. Велика Британија се обидела да посредува, но Лондонската конференција во 1864 година пропаднала и Данска ги загубила Шлезвиг (Северен и Јужен Шлезвиг), Холштајн и Лауенбург на Прусија и Австрија.
По Австриско-пруската војна во 1866 година, делот пет од Прашкиот мир во 1866 година наведувал дека луѓето од Северен Шлезвиг ќе бидат прашани на референдум дали да останат под Прусија или да се вратат на Данска. Меѓутоа, овој услов никогаш не бил исполнет од Прусија.
По поразот на Германија во Првата светска војна, сојузничките сили организирале плебисцит во северните и средишните делови на Шлезвиг. Плебисцитот бил спроведен под покровителство на меѓународна комисија (Commission Internationale de Surveillance du Plébiscite au Slesvig), која означила три изборни зони, кои ги покривале северните, средишните и јужните делови на Шлезвиг. Претежнувачкиот глас во целата зона ќе го одлучела исходот, дури ако гласачите во еден округ или град гласале различно. Во Северен Шлезвиг (10 февруари 1920 г.) 75% гласале за повторно обединување со Данска, а 25% гласале за Германија. Во Средиштен Шлезвиг (14 март 1920 г.) резултатите биле спротивни; 80% гласале за Германија и само 20% за Данска, главно во Фленсбург. Во третата зона (Јужен Шлезвиг) никогаш не бил одржан плебисцит, откако Данска го откажала гласањето во оваа зона.Schwedler, Frank: Historischer Atlas Schleswig-Holstein 1867 bis 1945, Wachholtz Verlag, Neumünster
Изборни телоГерманско имеДанско имеЗа ГерманијаЗа ДанскапроцентгласовипроцентгласовиЗона I (Северен Шлезвиг), 10 февруари 1920 25,1 %25.329 74,9 % 75.431 ОкругХадерслебенХадерслев 16,0% 6.585 84,0% 34.653 Град Хадерслебен Хадерслев 38,6% 3.275 61,4% 5.209 ОкругАпенраде Обенро 32,3% 6.030 67,7% 12.653 Град Апенраде Обенро 55,1% 2.725 44,9% 2.224 ОкругЗондербург Сенербор 22,9% 5.083 77,1% 17.100 Град Зондербург Сенербор 56,2% 2.601 43,8 %2.029 Град Августенбург Августенборг 48,0% 236 52,0% 256 Северен дел од ОкруготТондерн Тендер 40,9% 7.083 59,1% 10.223 Град Тондерн Тендер 76,5% 2.448 23.5% 750 Град Хојер Хејер 72,6% 581 27,4% 219 Град Лигумклостер Легумклостер 48,8% 516 51,2% 542 Северен дел на ОкруготФленсбург Фленсборг 40,6% 548 59,4% 802 Зона II (Средиштен Шлезвиг), 14 март 192080,2 % 51.74219,8 % 12.800 Јужен дел на ОкруготТондерн Тендер 87,9% 17.283 12,1% 2.376 Јужен дел на ОкруготФленсбург Фленсборг 82,6% 6.688 17,4% 1.405 ГрадФленсбург Фленсборг 75,2% 27.081 24,8% 8.944 Северен дел на ОкруготХузум Хузум 90,0% 672 10,0% 75
На 15 јуни 1920 година, Северен Шлезвиг официјално се вратил во Данска. Данско-германската граница била единствената граница наметната на Германија со Версајскиот договор по Првата светска војна која никогаш не била оспорена од Адолф Хитлер.
Во 1937 година, нацистите го донеле т.н. Закон за голем Хамбург (Groß-Hamburg-Gesetz), со кој Слободниот и Ханзеатски град Хамбург бил проширен, на сметка на градовите кои службено ѝ припаѓале на пруската Покраина Шлезвиг-Холштајн. За да ѝ надомести на Прусија за овие загуби (и делумно бидејќи Хитлер имал личен презир кон Либек„Либек: Градот кој му рекол не на Хитлер“ , Сајмон Хефер, www.telegraph.co.uk, 28 јуни 2010.), 711-годишната независност на Ханзеатскиот град Либек била прекината и скоро цела негова територија била припоена кон Шлезвиг-Холштајн.
По Втората светска војна, пруската покраина Шлезвиг-Холштајн била окупирана од Британија. На 23 август 1946 година, воената влада ја укинала покраината и ја обновила како посебна сојузна покраина.Ordinance No. 46,
Поради присилното селење на Германците од 1944 до 1950 година од источните територии, населението на Шлезвиг-Холштајн се зголемило за 33 проценти (860.000 луѓе).Flucht und Vertreibung at Haus der Geschichte
Географија
мини|десно|Физичка карта на сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн
Шлезвиг-Холштајн се наоѓа на основата на полуостровот Јитланд помеѓу Северното и Балтичкото Море. Поточно кажано, „Шлезвиг“ се однесува на германскиот Јужен Шлезвиг ( или Landesteil Schleswig, ), додека Северен Шлезвиг е во Данска (Јужен Јитланд). Покраината Шлезвиг-Холштајн понатаму се состои од Холштајн како и Лауенбург и поранешниот слободен град Либек.
Шлезвиг-Холштајн се граничи со Данска (регион Јужна Данска) на север, Северното Море на запад, Балтичкото Море на исток и сојузните покраини Долна Саксонија, Хамбург и Мекленбург-Западна Померанија на југ.
Во западниот дел на покраината се наоѓаат низини со безмалку ниеден рид. Севернофризиските Острови, како и скоро целиот брег на Шлезвиг-Холштајн на Северното Море, го создаваат Националниот парк Шлезвигхолштајнско Ваденско Море (Nationalpark Schleswig-Holsteinisches Wattenmeer) кој е најголем национален парк во Средна Европа. Единствениот остров на Германија на отворено море, Хелголанд, е сместен во Северното Море.
Брегот на Балтичкото Море во источниот дел на Шлезвиг-Холштајн е обележан со заливи, фјордови и гребени. Се наоѓаат нерамни ридови (највисоката точка е Бунгсберг на 168 метри н.в.) и многу езера, особено во источниот дел на Холштајн наречен Холштајнска Швајцарија и поранешното Војводство Лауенбург (Herzogtum Lauenburg). Фемарн е единствениот остров на источниот брег. Најдолга река покрај Елба е Ајдер; најважен воден пат е Килскиот Канал кој го поврзува Северното и Балтичкото Море.
Административна поделба
+ Поделба на Шлезвиг-Холштајн 1900 1959 1994 2009 Окрузи 17 17 11 11 Општински заедници 199 119 87 Општини 1371 1131 1116
Шлезвиг-Холштајн спровела административна реформа во периодот 1970-1974 година. Бројот на окрузи бил намален од 17 на единаесет; бројот на општини се намалил од 1371 (1959) на 1131 (1994), а 199. општински заедници се намалиле на 119.