Кутија е првиот соло студиски албум на македонскиот рап артист Страјк. Издаден е во 2011 година во издание на Шурикен Рекордс. На албумот се наоѓаат 15 нумери, чии текстови и продукција се во целосно авторство на Страјк.
Името на албумот е според осмата насловна композиција (н.з. „Кутија“), чиј скриен мотив е загубената надеж, односно отворањето на Пандорината кутија. Албумот добил позитивни оценки и пофалби од музичката критика, кои се на мислење дека музиката го отсликува нашето секојдневие.
Прв објавен сингл бил „Ангели и демони“, за кој бил снимен и видео запис.
Список на песни Сите песни се напишани и компонирани од Страјк.
Наводи
Надворешни врски Спотот за „Ангели и демони“ на YouTube Технички детали за албумот „Кутија“ евидентиран во ВБУ Музички Регистар. Дискографија на Страјк евидентирана од ВБУ Музички Регистар.
Категорија:Албуми на Легијата Категорија:Албуми од 2011