Лесен Удар — македонска хип-хоп група од Скопје. Групата била основана во 1999 година од страна на МС Љубов и Мартинес."Лесен удар" со сингл се враќа на сцена Имаат издадено еден студиски албум насловен Полесно од хелиум, кој бил објавен во 2007 година. Иако жанровски припаѓаат во хип-хоп водите, бендот за својата музика вели дека е „стиховна поезија“. Во нивните песни освен хип-хоп елементи се забележуваат и примеси од реге и амбиентална музика. Нивните стихови најчесто имаат метафорично значење.
Поради обврските на факултет, групата направила четиригодишна пауза, по што се вратила на музичката сцена потпишувајќи за Урбан Пулс.
Со песната „Лепливи прсти“ дуото влезе во финалето на натпреварот организиран од Интернационалната музичка младина, каде се избирала најдобра песна со тематика против корупцијата.„Лесен удар“ во финале на конкурс на Интернационалната музичка младина Во песните „И тие денови“ и „Сафирски прстен“ како гости се појавуваат Симона и Ива, кои со својот вокал ги исполнуваат рефрените поединечно.
Имаат настапувано на повеќе фестивали и манифестации, од кои поважни се настапите како предгрупа на Гуру ск, концерти во клубовите Вулкан и Кастро, како и појавувањето на фестивалите Таксират и Виноскоп.
Наводи
Надворешни врски Урбан Пулс - Лесен Удар Блогот на Лесен Удар Фејсбук страницата на Лесен Удар Интервју со Лесен Удар Спотот за песната „Сафирски прстен“ на YouTube Спотот за песната „И тие денови“ на YouTube Спотот за песната „Лепливи прсти“ на YouTube
Категорија:Македонски хип-хоп групи Категорија:Македонски Рап Категорија:Македонски хип-хоп музичари Категорија:Појавено во 1999 година во Македонија