Бад Лангензалца (; до 1956 година: Лангензалца) — град во округот Унштрут-Хајних, во сојузната покраина Тирингија, Германија. Тој е вториот најголем град во округот по Милхаузен.
Бад Лангензалца припаѓа на историски најзначајните градови во Тириншката Котлина. Стариот град кој се протега на 50 хектари претставува трет најголем старо градско јадро по оние на Ерфурт и Милхаузан во Тирингија.
Географија Местоположба
Бад Лангензалца се наоѓа во Тириншката Котлина, долж долината на Унштрут. Низ градот тече реката Залца, која се влева во Унштрут на околу два километри источно од градот. Бад Лангензалца се наоѓа во непошумен земјоделски крај, кој се граничи со Хајних на запад, со Хајлингер Хеен на север и со Фанер Хеен на југоисток.
Соседни градови
Соседни градови на Бад Лангензалца се Милхаузен, 20 километри северозападно, Ајзенах, 30 километри југозападно, Гота, 20 километри јужно, Ерфурт, 30 километри југоисточно, Земерда, 35 километри источно и Зондерсхаузен, 35 километри североисточно.
Општини со кои се граничи се (од запад, надесно): Шенштет, Унштрут-Хајних, Нотертал-Хајлингер Хеен, Кирхајлинген, Зундхаузен, Тотлебен, Урлебен и Гросфаргула во округот Унштрут-Хајних, Тона и Несетал во округот Гота, како и Херзелберг-Хајних во округот Вартбург.
Градски единици
Бад Лангензалца се состои од вкупно 14 единици:
МестоЖителиГрадско јадро и Уфхофен13.690Ашара491Екартслебен246Гросвелсбах315Грумбах286Хенингслебен257Илебен274Клетштет218Меркслебен481Негелштет730Тамсбрик1.041Валдштет108Виглебен390Цимерн351
На основа на поднесена граѓанска иницијатива од 2018 година, Градскиот совет на 21 февруари 2019 година го прогласил Уфхофен со посебен статус на градска единица. Со тоа Уфхофен не е само најнова, туку и најголема единица од сите градски единици (без самото градско јадро.
Историја
Првпат бил споменат околу 932 година, како село со име „Салцаха“. Името на градот било променето во Лангензалца околу 1578, а „Бад“ (или „бања“) било додадено на името на градот во 1956.
Во 1075, Лангензалца бил дел од Битката за Лангензалца, во која императорот Хајнрих IV ги победил бунтовните Саксонси и Туринги.
Градот бил ограбен и оштетен од пожарите во текот на Триесетгодишната војна (околу 1632). Пожарите повторно уништиле големи делови на градот во 1711, вклучувајќи го целосното уништување на градското собрание. Тоа повторно било изградено помеѓу 1742-1752.
Војната повторно влијаела на градот во текот на 1756-1763, кога се случувала Седумгодишната војна; во близина градот се случила битка во февруари 1761. Во 1815, Лангензалца станала дел од пруската покраина Саксонија. Во 1866 повторно се случила битка во близина на градот помеѓу Прусија и Хановер во текот на Австриско-пруската војна.
Американските трупи го окупирале градот во 1945.
Главни знаменитости
Лангензалца поседува сликовити руини на средновековен замок и во негова близина се наоѓаат сулфурна бања.
Сулфурните бањи се откриени во 1811 и биле отворени на јавноста како лековити бања во 1812. Новите бањи биле отворени во 1928. Изворите на солена и минерална вода биле откриени во 1996, што овозможило отворање на нови лековити објекти.
Бад Лангензалца поседува ботаничка градина („Botanischer Garten in Bad Langensalza“), која била отворена во 2002 и исто така се граничи со Националниот парк Хајних, основан во 1999.
Политика Градски совет
мини|300п|десно|Градското собрание
Советот на градот Бад Лангензалца се состои од 24 избрани членови и градоначалникот. На локалните избори на 26 мај 2019 година биле добиени следниве резултати:
Партија / Листа % на гласови Места CDU|CDU 24,5 % 6 WIR 21,3 % 5 Левица 15,7 % 4 SPD 13,7 % 3 Граѓанска листа/FDP 12,4 % 3 BLU 8,2 % 2 Зелени 4,3 % 1
Градоначалник
На 29 април 2018 година бил избран за градоначалник Матијас Рајнц (независен) со 76,9% од гласовите.
Збратимени градови
Бад Лангензалца е збратимен со следниве градови:
Осткамп, Белгија Бад Наухајм, Германија
Позати личности Херман Залчки (~ 1170-1239) — четврти голем мајстор на Тевтонскиот ред Јохан Кристијан Виглеб (1732-1800) — хемичар
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Официјална страница
Категорија:Унштрут-Хајних Категорија:Саксонија (пруска покраина) Категорија:Бањски градови во Германија