Општина Луково — поранешна општина во Западна Македонија, основана 1996 година, а престанала да постои со законот за територијална поделба на Македонија од 2004 година, кога била припоена кон Општина Струга, заедно со општините Лабуништа, Велешта и Делогожди. Локалното и поширокото население не било задоволно од ова припојување. Центар на општината било селото Луково.
Населени места Во Општина Луково спаѓале следниве села: Безово, Брчево, Дренок, Јабланица, Лакаица, Локов, Луково, Модрич, Нерези, Пискупштина, ’Ржаново, Селци, Буринец, Збажди, Присовјани и Глобочица.
Демографија Според последниот попис од 2002 година, општината имала 1.509 жителиПопис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X и најголема етничка група биле Македонците: етничка група припадници Македонци 1.496 Срби 3останати10
Во општината, според пописот од 2002 година, во општината се зборувале следниве јазици: јазик говорници македонски 1.500 српски 6останати3
Во општината, според пописот од 2002 година, во општината биле застапени следниве религии: религија следбеници православни 1.464муслимани43останати2
Наводи
Поврзано
Општини во Македонија Општина Струга Луково
Луково