За центарот Центарот за меѓууниверзитетска соработка ја развива соработката помеѓу универзитетот „Гоце Делчев“ и универзитетите во Република Македонија и во странство. Центарот за меѓууниверзитетска соработка учествува во подготовката, потпишувањето и реализирањето на договорите за соработка, подготвувањето и реализирањето на програми за размена со други универзитети на наставници, соработници, вработени и студенти, а врши и постојано информирање на единиците на универзитетот за можностите за меѓународна, научна и техничка соработка. Во центарот се подготвуваат обрасци и формулари за успешно аплицирање на институционални меѓународни проекти, а вработените се грижат и за организацијата и престојот на вработените при патување во странство, како и за престојот на странците на универзитетот.
Организација и структура Целта е воспоставување соработка за развивање и проширување на научните и професионални искуства. Научна и техничка соработка со странски и со национални високообразовни и научни установи. Остварување на други форми на меѓународна соработка. Универзитетот активно учествува во меѓународни проекти од интерес на пошироката меѓународна заедница.Официјална страница на Центар за меѓууниверзитетска соработка
Активности Науката не познава граници. Универзитетот остварува соработка со многу образовни и научни институции во земјава и во странство. Соработката со универзитетите од странство се реализира во рамките на меѓународните универзитетски асоцијации и мрежи, како и со билатерални договори. Универзитетот „Гоце Делчев“ се стреми за плодна и ефикасна соработка со другите универзитети, така што потпиша договори за меѓусебна соработка. 10.12 2007 г. -Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола 14.12.2007 г. -Хрватски геолошки институт 24.12 2007 г. -Универзитетот за Југоисточна Европа- Тетово 24.12 2007 г. -Државниот универзитет во Тетово 05.02.2008 г. -Геомагнетен Завод Грцка, Србија 21.02 2008 г. -Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје 11.02 2008 г. -Универзитет во Приштина 09.04 2008 г. -Универзитет во Марибор 10.04 2008 г. -Универзитет во Крагуевац 30.04 2008 г. -Универзитет ФОН - Скопје 13.05 2008 г. -Аграрната академија во Самара - Русија 15.05 2008 г. -Медицински универзитет во Самара - Русија 17.05 2008 г. -Државен универзитет Самара - Русија 25.08.2008 г. -Институт за славистика во Москва 30.10 2008 г. -Стопанска академија од Р.Бугарија 04.11 2008 г. -Договор за создавање на Руски центар во Штип 09.11.2009 г. -Педагошки факултет Врање 10.08.2009 г. -Кинеска академија за земјоделски науки 18.03.2009 г. -Политехнички институт Сантарем 17.06.2009 г. -Универзитет Пловдив 17.06.2008 г. -Државен педагошки универзитет Москва 11.08.2008 г. -Земјоделски универзитет Пловдив 04.07.2008 г. -Меѓународна менаџмент групација IMG-Италија 27.10.2008 г. -Руска Мир фондација 27.01.2009 г. -Универзитет Руен Франција 06.04.2010 г. -Универзитет Риека Хрватска 27.04.2010 г. -Бозок Универзитет во Јозгат 28.04.2010 г. -Универзитет во Ниде 29.04.2010 г. -Универзитет во Невшеир 18.05.2010 г. -Универзитетот Aurel Vlaicu во Арад, Република Романија 19.05.2010 г. -Универзитетот 1 Decembrie 1918 во Алба Јулија, Република Романија 19.05.2010 г. -TÜV Rheinland, Република Романија 02.10.2010 г. -Национален универзитет В.Н. Каразин во Харков 02.10.2010 г. -Национален Педагошки универзитет Драгоманов 31.05.2010 г. -Универзитетот во Мостар 19.05.2010 г. -TÜV Rheinland, Република Романија 25.03.2011 г. -Универзитет во Ниш 28.02.2012 г. -Балтик Колеџ Шверин, Германија 16.02.2012 г. -Академија за безбедносни науки во Талин, Естонија 30.05.2012 г. -Универзитет во Источно Сараево 30.05.2012 г. -Технолошки Образовен Институт Александар Солунски
Надворешни врски Официјална страница на Универзитетот „Гоце Делчев“ Официјална страница на Центар за меѓууниверзитетска соработка
Наводи
Категорија:Центри при Универзитет „Гоце Делчев“