Хајделберг () — град во југозападниот дел на Германија. Петтиот најголем град во покраината Баден-Виртемберг по Штутгарт, Манхајм, Карлсруе и Фрајбург во Брајсгау, Хајделберг е дел од густо населената метрополитенска област Рајна-Некар. Во 2009, над 145.000 луѓе живееле во градот. Хајделберг се наоѓа на реката Некар во длабоката долина во Оденвалд.

Поранешната резиденција на Изборното кнежевство Пфалц во Хајделберг е седиште на Хајделбершкиот универзитет, добро познат надвор од границите на Германија. Хајделберг е популарна туристичко одредиште поради неговиот романескнен и живописен градски пејзаж, вклучувајќи го Хајделбершкиот замок и барокниот Стар Град. Американската војска имаат воена база во Хајделберг од 1951.

Географија

Хајделберг е во долината на Рајна, главно на левиот брег на долниот дел на реката Некар, и се граничи со планините Königsstuhl (568 м) и Gaisberg (375 м). Реката Некар тече во правец исток-запад. На десниот брег на реката, се издига планината Хајлигенберг (445 м). Реката Некар се влева во реката Рајна приближно 22 километри северозападно од Манхајм. Селата припоени во текот на 20-от век ја достигаат долината на Некар долж Bergstraße, пат кој се наоѓа долж ридовите Оденвалд.

Хајделберг е на европската патека за пешачење Е1 (Шведска-Умбрија).

мини|десно|Окрузи на Хајделберг мини|десно|Altstadt (стариот град) од планината Кенигсштул

Флора и фауна

Бидејќи Хајделберг е еден од најтоплите регионо во Германија, растенијата се нетични за средноевропската клима, вклучувајќи бадеми и смокви; исто така има и маслинки во Gaisbergstraße. Долж Philosophenweg (Патека на филозофите) на спротивната страна на Стариот град, лозарството беше обновена во 2000.http://www.hilfe-hd.de/rohrbach/wein.htm

Постои диво население на африканскиот папагал мал александар,Штефани Вегенер: Verbreitung und Arealnutzung der Halsbandsittiche (Psittacula krameri) in Heidelberg, објавено од: Ornithologische Gesellschaft Baden-Württemberg e. V., Ornithol. Jh. Bad.-Württ. 23: 39-55 (2007) и дива популација на сибирски лебеди, кои може да се видат главно на островите во реката Некар близу Бергхајм, округ на Хајделберг.

Административна структура

Хајделберг е урбан округ во рамките на административниот округ Карлсруе. Руралниот округ Рајна-Некар-Крајс го опкружува и има седиште во градот, иако градот не е дел од округот. Хајделберг е дел од метрополитенската област Рајна-Некар, често нарекувана како Триаголник Рајна-Некар. Оваа област се состои од јужните делови на покраината Хесен, јужниот дел од покраината Рајнска област-Пфалц, урбаните окрузи Манхајм и Хајделберг и јужните општини на Рајна-Некар-Крајс. Триаголникот Рајна-Некар станал европска метрополитенска област во 2005.

Хајделберг се состои од 14 окрузи распоредени во 6 сектори на градот. Во средината, се Altstadt (Стариот град), Бергхајм и Вестштат („Weststadt“); на север, Нојенхајм и Хандшусхајм; на исток, Цигелхаузен и Шлирбах; на југ, Зидштат, Рорбах, Емертсгрунд и Боксберг; на југозапад, Кирххајм; на запад, Пфафенгрунд и Виблинген. Новиот градски округ, именуван привремено како Bahnstadt (Банштат), е планиран на дел од Вестштат и Виблинген. Новиот округ ќе има околу 5.000-6.000 жители и вработување за 7.000.

Соседни заедници

Следниве градови и општини се граничат со градот Хајделберг, почнувајќи на запад и одејќи во насоката на стрелките на часовникот: Единген-Некархаузен, Досенхајм, Шрисхајм, Вилхелмсфелд, Шенау, Некаргеминд, Баментал, Гајберг, Лајмен, Зандхаузен, Офтерсхајм, Планкштат, Епелхајм (сите дел од Рајна-Некар-Крајс) и Манхајм.

Клима

Хајделберг има океанска клима, дефинирана од заштитената долина помеѓу Pfälzerwald и Odenwald. Годишно, благите темпереатури се утврдени со воздушни маси, кои доаѓаат од запад. Во споредба со соседната низина Горна Рајна, местоположбата на Хајделберг во долината доведува до почести источни ветрови. Падините на Оденвалд не дозволуваат облачно време и дождови. Најтоплиот месец е јули, најладниот е јануари. Не е реткост, температурите да се искачуваат над 30 °C во средина на летото. Според германскиот метеоролошки завод, Хајделберг бил најтоплото место во Германија во 2009.Мехтихилд Хенеке: Временски екстреми во Германија 2009. Во: Südkurier, 28 април 2010Kreisbeschreibung Bd. 1, S. 54ffwww.klimadiagramme.de

Меѓународни односи

Хајделберг одржува партнерски врски („Städtepartnerschaft“) со следниве градови:

Кембриџ, Обединето Кралство, од 1957 Монтпелие, Франција, од 1961 Реховот, Израел, од 1983 Симферопол, Украина, од 1991 Бауцен, Саксонија, од 1991 Кумамото, Јапонија, од 1992

Познати луѓе Познати жители

Антје Дувекот (*1976), кантавтор Ханс-Георг Гадамер (1900–2002), филозоф Михаел Фасбендер (*1977), актер Јан Хардинг (*1986), актер Харалд цур Хаузен (*1936), вирологист, нобелов лауреат Дитмар Хоп (*1940), софтвер претприемач Паул Кирхоф (*1943), поранешен судија во сојузниот уставен суд на Германија (Bundesverfassungsgericht) Карл А. Ламерс (*1951), политичар, претседател на Парламентарно собрание на НАТО Ананда Махидол (1925–1946), крал на Тајланд Хајнрих Нил (1870–1940), композитор, диригент на музичкиот конзерваториум во Хајделберг Кристијан Шмитмер (1939–2003), холивудска глумица и модел Клаус Шиц (*1926), политичар Силвија Ренате Зомерлат (*1943), кралица на Шведска Алберт Шпер (1905–1981), германски архитект и министер во Третиот Рајх Петар Берон (1799-1871), бугарски просветител Васил Радославов (1854-1929), бугарски премиер Макс Волф (1863-1932) познат германски астроном

Познати луѓе кои умреле во Хајделеберг

Роберт Бунзен (16 август 1899), хемичар Феликс Хајнрих Ванкел (9 октомври 1988), машинински инженер и пронаоѓач на Ванкеловиот мотор

Галерија

Поврзано

Центар за американски студии Хајделберг Универзитет Хајделберг (Охајо) Меѓународен универзитет Шилер

Наводи

Надворешни врски

Службена страница на Хајделберг, достапен е мал дел на англиски Аудио-водич во Хајделбершкиот замок Службена страница на американскиот гарнизон во Хајделберг Американско средно училиште Хајделберг , Официјална службена страница на американското средно училиште во Хајделберг

Категорија:Градови во Баден-Виртемберг Категорија:Карлсруе (административен округ) Категорија:Универзитетски градови во Германија Категорија:Безокружни градови во Баден-Виртемберг Категорија:Баден