Унца или унција (од ) — име на разни единици мерки за маса (oz, ℥), како и за две единици за течна зафатнина (fl oz) и една единица за сила, (ozf). Видете Англиски мерни единици и Американски мерни единици за тоа во какви рамки се дефинираат овие мерни единици.
мини|Дростс инстант какао со нето тежина 8 унци
унца авоардипоа се дефинирана по системот авоардипоа (видете фунта (маса)). Секоја фунта авоардипоа содржи 16 унци. Оваа унца е еднаква на околу 28.35 грама. тројска унца се дефинира по системот за тројска маса. Во тројска тежина, фунтата има 12 унци, и има 5760 зрна (околу 373.24 г), (околу 10% потешка од унцата авоардипоа). Овие унци денес се користат само при мерење на скапоцени метали како злато, платина и сребро. Една унца злато е еднаква на 31.1 г. аптекарската унца е денес застарена мерка. Оваа била рамна на тројската унца, и нејзиниот знак бил (2125). Течната унца е мерка за зафатнина која ја наоѓаме во две варијанти: 28.41 мл (англиска) и 29.57 мл (американска).
Надворешни врски Речник на мерни единици: Унца Речник на мерни единици: Течна унца
Категорија:Англиски мерни единици Категорија:Единици за маса