Историја Институтот за историја и археологија (ИНИСА) е формиран на 10 септември 2008 година со одлука на Сенатот на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Прв раководител на ИНИСА бил проф. д-р Кирил Цацков, а референт м-р Александар Донски. Првично основан како независен научно-образовен институт, посебна единица на УГД, од 2013 година се приклучува во составот на Факултетот за образовни науки.
За ИНИСА Институтот за историја и археологија (ИНИСА) претставува еден од двата македонски институти на кои се изучува археологијата и кои нудат додипломски и постдипломаски студии во оваа научна дисциплина. Тој се вбројува помеѓу најважните македонски центри за проучување на историјата, археологијата, културното наследство и музеологијата. Раководител на Институтот за историја и археологија (ИНИСА) е македонскиот археолог, класичар и дипломат Проф. д-р Љубен Тевдовски.
ИНИСА има за цел да врши научна, истражувачка, образовна и апликативна работа од областа на историјата и археологијата на Македонија и да ги презентира резултатите пред научните институции и сите заинтересирани субјекти за историските и археолошките вистини, како во нашата држава, така и надвор од неа. Својата активност ИНИСА ќе ја реализира преку истражувачки проекти, истражувања од областа на политичките, економските, културно-просветните и духовните вредности на македонскиот народ и на припадниците на сите етникуми во Македонија како заедничка татковина. ИНИСА се залага и за промовирање на мулти-културата на овие простори. ИНИСА исто така го развива и критичкото мислење, како и формирањето на етичките, естетските, патриотските и моралните вредности и развивањето на чувство за припадност кон својата држава. За резултатите и плановите поврзани со активностите на ИНИСА јавноста ќе биде запознавана преку: книги, соопштенија, прес-конференции, интернет и други облици на комуницирање со јавноста.
Активности Дел од активностите со кои се истакнува ИНИСА се: проекти, радио емисии и зборници. ИНИСА издава и меѓународно научно списание Преглед на Институтот за историја и археологија (РИХА).
За РИХА Меѓународното научно списание Преглед на институтот за историја и археологија (Review of the Institute of History and Archaeology – RIHA) ја прослави првата деценија од своето постоење во 2020 година. Првиот број на списанието под името Годишен зборник е издаден во 2010 година.https://js.ugd.edu.mk/index.php/riha/issue/view/3 Списанието издава научни трудови и рецензии на македонски и англиски јазик од областите: историја, археологија, класични студии, етнологија, антропологија и музеологија.
Меѓународниот уредувачки одбор на списанието е формиран во 2016 година, а главен и одговорен уредник на РИХА е проф. д-р Љубен Тевдовски.https://js.ugd.edu.mk/index.php/riha/about
Наводи
Надворешни врски Официјална страница на Универзитетот „Гоце Делчев“ Официјална страница на ИНИСА Официјална страница на РИХА, ИНИСА Категорија:Центри при Универзитет „Гоце Делчев“