Евлија Челебија (, ; 25 февруари 1611 — по 1682) — славен отомански патописец што патувал низ териториите на Отоманското Царство и околните земји во период од четириесет години. Патописите на Челебија се особено значаење за историографијата на Македонија за овој период, бидејќи истите даваат увид во нивниот изглед, дух и локалниот начин на живот во тоа време, кој инаку би го немале.

Живот и дело

Челебија е роден како Мехмед Зили на во Цариград, во семејството на дворски јувелир. Како таков тој се стекнува со одлично образование. По првичните тури низ Истанбул во кои прави белешки за згради, пазари, обичаи и култура, во 1640 Челебија првпат патува вон градот.

Неговата збирка записи од сите негови патувања е сместена во десет тома и е наречена „Патопис“ (Сејахатнаме). Многу од описите на Челебија се одликуваат со огромен број детални забелешки кои се општоприфатени како водич низ културните аспекти и начинот на живеење во Отоманското Царство во XVII век. За жал неговите патешествија никогаш никаде не се преведени и издадени во целост. Ова е случај и во Македонија.

Починал во Каиро некаде по 1682 г.

„Патопис“ мини|десно|Страница од Патописот на Челебија, напишана со негов ракопис Во десеттомниот „Патопис“, Челебија ги опишува следниве посетени краишта:

Цариград и околината (1630) Анадолија, Кавказ, Крит и Азербејџан (1640) Сирија, Палестина, Ерменија и Румелија (1648) Источна Анадолија, Ирак и Иран (1655) Русија и Балканот (1656) воени походи во Унгарија (1663/64) Австрија, Крим и повторно Кавказ (1664) Грција и повторно Крим и Румелија (1667–1670) аџилакот во Мека (1671) Египет и Судан (1672)

Посета на Македонија Челебија посетил разни места во Македонија за кои оставил детални записи. За старата скопска чаршија при неговата посета на Скопје во 1660-61 тој напишал:

„Таа [чаршијата] брои 2.150 дуќани. Тука има плоштади и пазари, со сводови и куполи. Од сите најубави се: чаршијата на безазите (памучни ткаенини), чадорџиите, папуџиите, бојаџиите и ткајаџиите (капи). Тоа се големи чаршии изработени по план. Сокаците им се чисти и калдрмисани. Секој дуќан го красат зумбули, темјанушки, рози, босилек, јоргован и крин во вазни и саксии. Тие со својата миризба просто го опиваат мозокот на посетителите и трговците. Тука има образовани и многу чесни луѓе. За време на летните жеги сиот скопски пазар личи на багдадските сенки, зашто сите негови чаршии се со наткривени капаци и сводови како во Сараево и Халеп.“

Во негова чест е именувана улица во Скопје.

Поврзано Турска книжевност Ахмад ибн Фадлан

Надворешни врски

„Скопската сказна во перото на Евлија Челебија“ — „Македонско Сонце“ Официјална страна на турското министерство за култура и туризам

Категорија:Патописци Категорија:Турски писатели Категорија:Отоманци од 17 век Категорија:Родени во 1611 година Категорија:Починати во 1682 година Категорија:Починати во Истанбул