Институтот за Историја на уметноста со археологија при Филозофскиот факултет е наследник на Групата за историја и уметност основана во учебната 1946/47 година. Групата привремено била затворена во 1951 година, но наставата по Историја на уметноста во различен обем и степен е одвивана во рамките на Групата за историја. Наставата од почетокот е изведувана со научен кадар од Македонија и од други места на тогашна Југославија. Со време, создаден е наставно-научен кадар кој е вклучен во повторно основаната Наставно-научна студиска група за историја на уметноста со археологија, која започнала со работа учебната 1973/74 година. Таа прерасна во сегашниот Институт за историја на уметноста со археологија. Библиотека Библиотеката на Институтот за историја на уметноста и археологија е наследник на библиотеката којашто функционирала во рамките на Групата за историја на уметноста при Филозофскиот факултет во Скопје, оформена во учебната 1946/47 година. Таа располага со специјализирана литература на повеќето светски јазици од областа на дисциплините коишто се изучуваат на Институтот, археологијата и историјата на уметноста, од предеисторискиот период до денес. Таа располага со околу 8000 книги и периодични изданија од домашни и странски издавачи. Денешни наставници и соработници Елица Манева, редовен професор Средновековна археологија Ранохристијанска археологија Владимир Величковски, вонреден професор Модерна и современа уметност Современа македонска уметност Елизабета Димитрова Вовед во историја на уметноста Историја на уметноста на македонскиот народ-среден век Ранохристијанска археологија Драги Митревски, редовен професорhttp://fzf.ukim.edu.mk/profesori-3-2-3-2-2/ Праисториска археологија Протоисториска археологија Методологија на теренските археолошки истражувања Виктор Лилчиќ, вонреден професор Вовед во археологијата Класична археологија II (Римска археологија) Методологија на кабинетските археолошки истражувања Никос Чаусидис, доцент Музеологија и конзервација Музеологија Занаетчиски технологии и конзервација Ликовна семиотика Анета Серафимова, доцент Историја на византиската уметност Историја на македонскиот народ од 15.век до 1900. Снежана Филипова, доцент Средновековна европска уметност Хералдика Татјана Филиповска, доцент Западноевропска уметност на новиот век Марјан Јованов, асистент Историја на уметноста на старите народи Класична археологија I

Историја на уметност и археологија Историја на уметност и археологија