Севернондебелејски јазик (Исиндебеле, Синдебеле) — африкански јазик од нгунската група на банту-јазиците што го говори народот Ндебеле (Матабеле) во Зимбабве.
Јазикот е сроден на зулу од ЈАР, бидејќи народот Ндебеле потекнува од следбениците на водачот Мзиликази, кои го напуштиле Квазулу на почетокот на XIX век, за време на немирниот период мфекане.
Двата јазика наречени „ндебеле“ не се варијанти на еден ист јазик, туку сродни јазици од нгунската група. Северниот е впрочем дијалект на зулу, додека пак постариот јужен ндебеле припаѓа на друга подгрупа. Задничкото име го носат поради контактот со иселениците на Мзиликази и изворниот народ Ндебеле, чија територија ја преминувале при раселбата.
Азбука и гласови Азбуката е лесна и фонетска, а секоја самогласка има по еден глас. Акцентот паѓа на претпоследниот слог.
Самогласките се: a, o, u, e и i.
Постојат три чкрапави гласа: c, q и x.
Поврзано Јужен ндебеле Ндебеле (народ) Покраини во Зимбабве Северен Матабелеленд Јужен Матабелеленд Булавајо
Наводи
Надворешни врски Северен ндебеле - проект „MultTree“ Северен ндебеле - Ethnologue Говорете ндебеле Историја на народот Ндебеле
Категорија:Нгунски јазици Категорија:Банту-јазици Категорија:Јазици во Зимбабве Категорија:Јазици во Боцвана