Викиншкиот метал (анг. viking metal) е фузиран жанр на метал музиката кој опфаќа голем број на групи и се однесува пред сè на тематиката на песната, а не нејзината музика. Групите кои припаѓаат на овој жанр се припадници на многу правци на метал музиката, како фолк метал, блек метал, дет метал, а во последно време и на пауер металот.
Развој
Викиншкиот метал најверојатно потекнува од групата Bathory и нивните албуми Blood Fire Death и Hammerheart. Овие албуми прават спој помеѓу блек металот и нордиската народна музика за да постигнат една епска, паганска атмосфера, полна со сцени од нордиската митологија. Друг важен албум за овој жанр е The Wayward Sons Of Mother Earth од бендот Skyclad, кој заедно со Hammerheart, помага во дефинирањето на жанрот фолк метал.
Музички белези Иако викиншкиот метал не може да се класифицира технички како жанр со свои посебни белези, разните викиншки метал бендови делат некои слични елементи. Скоро универзална е почитта кон паганската германска и викиншка култура, како и одбивноста кон христијанството и негова замена со неопагански и асатру верувања. Самата музика е често романтизирана и епска, слична на нордискиот фолклор и создава атмосфера збогатена со паганска и метал традиција.
Изведувачи и албуми типични за прaвецот на викиншки метал Bathory «Blood Fire Death» (1988) Einherjer «Blot» (2003) Ensiferum «Iron» (2004) Falkenbach «Ok Nefna Tysvar Ty» (2003) Moonsorrow «Suden Uni» (2001) Thyrfing «Vansinnesvisor» (2002) Vintersorg «Ödemarkens Son» (1999) Windir «Likferd» (2003)
Наводи
* Категорија:Поджанрови на метал