Фогтај () — општина во округот Унштрут-Хајних, во сојузната покраина Тирингија, Германија. Била создадена на 31 декември 2012 со спојување на поранешните општини Лангула, Нидердорла и Обердорла.

Географија Местоположба

Фогтај се наоѓа во јужниот дел на округот Унштрут-Хајних, јужно од окружниот град Милхаузен.

Општински единици

Општината Фогтај е составена од следниве места:

Обердорла Нидердорла Лангула

Соседни општини

Општината се граничи со Родеберг и Милхаузен на север, Оперсхаузен и Камерфорст на југ, со општините Наца и Халунген од округот Вартбург на југозапад, како и со местото Хајероде на општината Зидајхсфелд на запад.

Центар на Германија

Во местото Нидердорла се наоѓа центарот на Германија. Оваа точка е одредена како средна вредност од координатите на најсеверната и најјужната, како и на најисточната и најзападната точка.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Унштрут-Хајних Категорија:Саксонија (пруска покраина)