Виља Клара () е една од покраините во Куба. Поголеми градови во оваа покраина се Санта Клара (главниот град), Сагва ла Гранде, Пласетас, Камахуани, Ремедиос и Кајбариен.
Брегот на Виља Клара изобилува со бројни корални острови, а има и многу корални гребени и песочни плажи.
Околу Санта Клара, земјиштето се издига во Алтурас де Санта Клара. Највисока точка во покраината се наоѓа тука, на 464 м надморска височина. Виља Клара има и бројни езера кои се користат и за водени спортови и за риболов. Рио Сагба ла Гранде, најголемата кубанска река, исто така се наоѓа во оваа покраината.
Шеќерот од кој зависи кубанската економија се одгледува во рамнините северно од покраината и неколку мелници обезбедуваат работа за многу луѓе.
Покраините Сиенфуегос, Санкти Спиритус и Виља Клара биле некогаш дел од покраината Санта Клара.
Општини мини|десно|Главниот плоштад во Ремедиос ОпштинаНаселение(2004)Површина(км2)МестоположбаЕнкрусихадаКајбариенКамахуаниКемадо де ГвинесКоралилјоМаникарагва ПласетасРанчуелоРемедиосСагва ла ГрандеСанта КлараСанто Доминго Сифуентес Извор: Попис на населението во 2004 г. Површина според општинската прераспределба од 1976 г.
Наводи
Категорија:Покраини во Куба
Категорија:Држави и територии настанати во 1976 година