Јужни Словени е заеднички назив за современите словенски народи кои живеат на Балканскиот Полуостров. Јужнословенски народи се: Македонците, Бошњаците, Бугарите, Србите, Словенците, Хрватите и Црногорците. Сите овие денешни народи се создадени преку еден етногенетски процес на мешање со други народи, но сепак локалните и светските експерти се едногласни дека словенскиот фактор е доминантен кај сите денешни Јужни Словени. Историја

Рани извори

thumb|250px|left|Словени во нивната татковина. Малку е познато за Словените пред 5 век од нашата ера. Нешто што го знаеме за нивната историја пред 500-тите години е поврзана со изворите на византиските историчари.

Во неговите изворни дела Де Белис, Прокопиус ги опишува Словените како високи и цврсти, со светол тен и црвенкасто-руса коса, живеејќи во еден многу примитивен живот. Тие живееле во колиби, често оддалечени едни од други и често го менувале нивното место на живеење. Тие на власт немале само еден водач, туку подолго време живееле во „демократија“, однсно анархија. Тие најверојатно верувале во повеќе богови, но Прокопиус претпоставувал дека верувале во еден врховен бог. Тој често бил идентификуван како Перун, бог на молњата. Словените се бореле така што право го напаѓале нивниот непријател, вооружани со стрели и мали штитови, но тие не носеле панцири.

Овие информации биле истиснати од страна на историските извори на Стратегикон, кој ги опишал Словените како неорганизирани и луѓе бев водач, но сепак во голем број. Тој за нив напишал дека се луѓе кои не пуштале лесно да бидат освоени и друг да владее над нив. Тие ги правеле нивните живеалишта во близина на шуми, реки и мочуришта.Fouracre, Paul. The Cambridge Medieval History, Volume I. Јордан вели дека Словените имале нивен дом на Дунав, не далеку од северните порти. Наредна информација за Словените доаѓа од страна на владетелот Константин Порфирогенит, компилацијата историски извори „Чуда на Свети Димитар“ и слично.

Јужнословенски држави

Денес има 7 држави каде Јужните Словени се мнозинство:

(50.1% Бошњаци, 30.7% Срби, 15.4% Хрвати) (84,8% Бугари) (64.2% Македонци, 1.8% Срби, 0.9% Бошњаци) (83.1% Словенци, 2% Срби, 1.8% Хрвати, 1.6% Бошњаци) (83.3% Срби, 2.3% Бошњаци, 0.8% Хрвати, 0.5% Црногорци) (90.4% Хрвати, 4.3% Срби, 0.9% Бошњаци) (45% Црногорци, 28.7% Срби, 11.9% Бошњаци и Муслимани по националност, 0.9% Хрвати)

Покрај овие, јужнословенски народи има и во: Австрија Албанија Грција Италија Косово Романија Турција Унгарија

Население Јужните Словени се поделени на две етнолингвистички групи: источни и западни Јужни Словени.Mile Nedeljković. Leksikon naroda Sveta. Beograd, 2001.

Источни: (~9,000,000) Бугари = 7,000,000 https://joshuaproject.net/people_groups/10998 Македонци = 2,000,000 https://joshuaproject.net/people_groups/13186

Западни: (~19,500,000) Бошњаци = 3,000,000 https://joshuaproject.net/people_groups/10953 Словенци = 2,000,000 https://joshuaproject.net/people_groups/14964 Срби = 9,000,000 https://joshuaproject.net/people_groups/14864 Хрвати = 5,300,000 https://joshuaproject.net/people_groups/11437 Црногорци = 360,000 https://joshuaproject.net/people_groups/13798

Религија Пред доаѓањето на Јужните Словени на Балканот, тие имале политеистичка религија. Словените имале свои богови, митологија и преданија. Дури и денес се зачувани некои остатоци од оваа политеистичка религија. Сепак денес Јужните Словени се следбеници на христијанството и исламот. Најголемиот дел се православни (Бугари, Македонци, Срби и Црногорци), а потоа следуваат католиците (Словенци и Хрвати) и на крај муслиманите (Бошњаци).

Јужните Словени по религија: Претежно православни Бугари Македонци Срби Црногорци

Претежно католици Словенци Хрвати

Претежно муслимани Бошњаци

Галерија Личности

Места

Носии

Наводи

Поврзано Словени Јужнословенски јазици Словенски јазици

Категорија:Јужни Словени