Арго (англиски: Argo) е историски филм од 2012 година, режиран од Бен Афлек. Автор на сценариото е Крис Терио, а тоа е засновано врз книгата Господар на маските, напишана од агентот на ЦИА Тони Мендес, како и според статијата на Џошуа Бергман, Големото бегство, во која се раскажува како Мендес го предводел американскиот тим во мисијата близу Техеран, во која требало да ги ослободат американските дипломати од „Иранската заложничка криза“ (1979).

Ликот на Мендес го глуми Бен Афлек, додека во останатите улоги се појавуваат: Брајан Кранстон, Алан Аркин и Џон Гудман. Премиерата на филмот во Северна Америка била на 12 октомври 2012 година, а ова остварување добило поволни оценки од страна на филмските критичари. Продуценти на проектот се Грент Хеслов, Бен Афлек и Џорџ Клуни. Приказната за ослободувањето била предмет и на документарната програма Бегство од Иран: Канадскиот скок, режирана од Ламонт Џонсон.

По прикажувањето низ светските кино сали, Арго ги освоил симпатиите на пошироката јавност, а освен тоа добил неколку номинации за престижните филмски награди. Така, филмот бил номиниран за „Оскар“ во седум категории, од кои победил во три: „најдобар филм“, „најдобро сценарио“ и „најдобра монтажа“. На церемонијата „Златен глобус“, филмот освоил пет признанија, вклучувајќи ги и оние за „најдобар филм“ „најдобра режија“ и „најдобра машка споредна улога“ за глумецот Алан Аркин. Исто така, филмот победил во три категории на Британските филмски награди (БАФТА), и тоа: најдобар филм, најдобра монтажа и најдобар режисер.HRT, Argo, američki film (пристапено на 12 февруари 2020)

Содржина Филмот е снимен според вистинити настани и ја прикажува ризичната тајна операција за спасување на шестмина Американци, која се одвивала зад сцената за време на иранската заложничка криза, а која со децении останала непозната за јавнота. Лажно претставувајќи се како холивудски продуцент кој бара локација за снимање на научнофанатастичен филм, тајниот агент на ЦИА, Тони Мендез, ја почнува опасната операција за спасување на шестемина Американци, кои се скриени во домот на канадскиот амбасадор во Техеран, во 1980 година.Антена, број 840, 1 август 2014, стр. 15.Антена, број 853, 31 октомври 2014, стр. 20.

Улоги Глумци ЛиковиБен Афлек Тони МендесБрајан Кранстон Џек О′ ДонелАлан Аркин Лестер СигелЏон Гудман Џон ЧејмберсТејт Донован Роберт АндерсКлеа Дувал Кора ЛијекКристофер Денам Марк ЛијекСкот МекНејри Џо СтефордКери Бише Кејти Стефорд

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Филмови со Бен Афлек Категорија:Филмови со Џон Гудман Категорија:Филмови со Алан Аркин Категорија:Филмови со Брајан Кранстон Категорија:Филмови од 2012 година Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови на Warner Bros. Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови на персиски јазик Категорија:Филмови засновани на вистински настани Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Техеран Категорија:Филмови на Бен Афлек Категорија:Добитници на оскар за најдобар филм