Европска ноќна ластовица, евроазиска ноќна ластовица или ноќна ластовица (Caprimulgus europaeus) е единствениот вид од семејството ноќни ластовици во цела Европа и умерена Азија.

Живеалиште и распределеност

Ноќната ластовица доцна се преселува и ретко се појавува пред крајот на април и почеток на мај. Летното преселување се појавува во северна и Средна Европа, а зимското во Африка.

Во јужна Европа и во потоплите делови од Африка и Азија, ја заменуваат други членови од семејството ластовици. Во Велика Британија и Ирска се појавува постојано, но во Шетланд и во други северни острови е позната како привремен преселник. Ноќната ластовица ја има и во Македонија.

Опис

Ноќните ластовици се долги 25 до 30 см, тежат од 50 до 100 g и имаат распон на крилјата од 53 до 61 см.

Перја

Мажјаците се разликуваат од женките по белите дамки на крилјата и опашката. Во време на парење, мажјакот лебди над женката, со крилјата кренати под остар агол, ја шири широко опашката за да ги покаже белите дамки.

Песна

Неjzinata песна е чуден чрчор и е сигурен начин за идентификација. Нежниот и механички звук што го создава, се крева и спушта - поради ветерот или вртењето на главата на птицата. Долната вилица ѝ вибрира, грлото е широко отворено, а пердувите накострешени. Кога чрчори, ластовицата е качена на дрво или на нешто друго.

Кога лета, ластовицата има мек звук но и остар и повторлив аларм, цуиик, цуииик. За време на парење користи остар звук кој го прави со удирање на крилјата над грбот.

Ластовицата лета навечер, најчесто на зајдисонце. Дење, лежи тивко на земјата, сокриена со перјата.

Исхрана

Ластовиците бараат храна од приквечер до наутро, најчесто ловејќи молци и други големи летачки инсекти.

Погледни

Список на птици во Македонија

Извори

Надворешни врски

Огласување на птицата — Kalerne . ARKive Stills, videos Ageing and sexing (PDF; 5.3 MB) by Javier Blasco-Zumeta & Gerd-Michael Heinze

Категорија:Ластовици Категорија:Птици на Македонија Категорија:Животински таксони опишани од Карл Линеј Категорија:Фауна на Галичица Категорија:Фауна на Европа