Trust е првата нумера од седмиот студиски албум на Мегадет, насловен Cryptic Writings. Била издаден како сингл на 8 мај 1997 година, во две верзии на англиски и на шпански јазик.

Песната се пласирала на 5. место на табелата за најпопуларни рок нумери во САД, најмногу благодарение на зачестеното телевизиско и радио емитување. Со таквата позиција, таа е најдобро рангираната песна од целокупниот музички каталог на бендот. Била поставена на три компилациски албуми со најголеми хитови, меѓу кои Capitol Punishment, Back to the Start и Anthology: Set the World Afire, како и во сетот албуми Warchest.

Текстот во песната зборува за неуспешна љубовна врска поради меѓусебна неискреност. „Trust“ добила номинација за Греми награда во категоријата „Најдобра хеви метал изведба“ (1998).

Во изданието за латино-американскиот пазар, рефренот на песната е отпеан на шпански, но останатите строфи се на оригинилниот англиски јазик. И песната „Promises“ од албумот The World Needs A Hero (2001) била специјално снимена со текст на шпански јазик.

Список на песни „Trust“ – 5:13 „A Secret Place“ – 5:31 „Tornado of Souls“ (во живо) – 5:55 „À Tout le Monde“ (во живо) – 4:52

Наводи

Надворешни врски Текстот на песната Спотот за Trust на YouTube

Поврзано Мегадет Cryptic Writings

Категорија:Песни на Megadeth