Џон Гадре (; р. ) — француски професионален велосипедист во велокрос и друмски дисциплини, кој последно возел за UCI World Tour екипата . Станал стажант за Кофидис во 2003 пред да стане професионалец со екипата во 2004 година.

Кариера

Во 2004 станал национален велокрос првак на Франција по првпат. Бил специјализиран во велокрос дисциплините, но почнал да настапува и на друмски етапни трки, како што биле Трката околу Германија. Гадре повторно го освоил националното велокрос првенство во 2006. На Џиро д’Италија 2006 Гадре покажал голем потенцијал на планините, кога завршил како седми, шести и петти на трите планински етапи. Доживеал пад на 18. етапа и бил приморан да ја напушти трката со скршена клучна коска. И покрај овие ветувачки резултати на друмскиот велосипедизам, Гадре се вратил во велокрос сезоната 2006-2007 и завршил осми на Светското велокрос првенство UCI. Потоа се вратил на друмскиот велосипедизам со цел да настапи на неговиот прв Тур де Франс. Гадре ја освоил првата друмска победа на ГП Кантон Аргау. По Тур де Франс 2007 Гадре ја освоил третата етапа и ја презел водечката маичка на Тур де л’Ен, каде и победил следниот ден.

На етапата 15 на Тур де Франс 2010 Гадре предизвикал контроверзи кога одбил да му го даде неговиот велосипед на неговиот водач, Николас Роуш, откако нему му се дупнала гумата на последното искачување на етапата и потоа започнал да ја напаѓа групата пред Роуш. На крајот завршил на 19. место во генералниот пласман.

На Џиро д’Италија 2011, Гадре завршил трет во генералниот пласман со победа на етапата 11. Завршил три минути и 54 секунди зад победникот на трката Микеле Скарпони.

По осум сезони со , Гадре ја напуштил екипата на крајот на сезоната 2013 и му се приклучил на за сезоната 2014. Се повлекол на крајот на 2015 година од друмскиот велосипедизам и се насочил на велокрос.

Достигнувања

2004 13. Краен пласман Трка околу Британија 2005 3. Гран при де Вилерс-Котеретс 4. Тро-Бро Леон 9. ГП Валони 2006 11. Џиро д’Емилија 14. Краен пласман Тур де Романди 2007 1. ГП Кантон Аргау 1. Краен пласман Тур де л’Ен 1. Етапа 7. Краен пласман Волта а Каталуња 8. Флеш Валон 11. Краен пласман Тур де Романди 15. Лиеж-Бастон-Лиеж 2008 1 етапа Тур де л’Ен 8. Краен пласман Тур де Романди 10. Флеш Валон 18. Краен пласман Вуелта а Еспања 2010 13. Краен пласман Џиро д’Италија 19. Краен пласман Тур де Франс 2011 3. Краен пласман Џиро д’Италија 1. Етапа 11 2012 11. Краен пласман Џиро д’Италија 2013 3. Краен пласман Рут ду Суд 3. Краен пласман Тур де л’Ен 10. Краен пласман Трка околу Баскија 10. Краен пласман Критериум Интернасионал

Распоред на резултатите на Гранд Тур

Гранд Тур20042005200620072008200920102011201220132014201520п|link=Генерален пласман на Џиро д’Италија ЏироСО—СО———13311———20п|link=Генерален пласман на Тур де Франс Тур———54СО—18СО—2219—20п|link=Генерален пласман на Вуелта а Еспања Вуелта————18———СО———

СО = се откажал; — = не учествувал

Велокрос достигнувања

1. Национално велокрос првенство (2004–2005, 2006–2007) 2. Национално велокрос првенство (2003–2004, 2005–2006, 2007–2008, 2011–2012)

1999 5. Светско првенство 2002 3. Државно првенство 9. Светски куп 2003 1. Државно првенство 2. Манш ду Челинџ 10. Светски куп 2004 1. Државно првенство 1. Манш ду Челинџ 10. Светски куп 2005 1. Манш ду Челинџ 12. Светско првенство 2006 1. Манш ду Челинџ 2007 8. Светско првенство 10. Суперпрестиж 2008 9. Светско првенство

Наводи

Надворешни врски

Достигнувања на Trap-Friis Достигнувања на Cycling Base

Категорија:Родени во 1979 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Француски велосипедисти Категорија:Велокрос велосипедисти Категорија:Француски етапни победници на Џиро д’Италија