Пеќската лига (албански: Lidhja e Pejës) била политичка организација која била основана во градот Пеќ, тогаш територија на Косовскиот Вилает во Османлиското Царство. Лигата била основана на 29 јануари 1899 година -{The crescent and the eagle: Ottoman rule, Islam and the Albanians, 1874-1913}-, страна 125, Аутор: -{George Walter Gawrych}-. и како главен водач бил Хаџи Зека, еден од припадниците на Призренската лига.

Основање

Призренската лига која била основана со помош на османлиските власти престанала да постои во април 1881 година. Дел од членовите на лигата незадоволни од Берлинскиот конгрес започнале востание во 1879 година. Хаџи Зека во 1886 година заминал во Цариград за да добие поддршка од властите во земјата. Таму тој добил поддршка од Портата да организира нова лига за обединување на Албанците во рамките на империјата. Во рамките на Косовскиот Вилает биле организирани неколку акции против христијанското население. Во 1899 година заедно со своите истомисленици ја основал Пеќската лига. По формирањето на лигата водачите испратиле договор на султанот Абдул Хамид II за заштита на верата, нацијата и земјата. Овој допис бил потпишан од страна на 40 делегати. Од потписниците по 8 имало од Пеќ и Роговиште, 7 од Тетово, 6 од Ѓаковица, 4 од Призрен итн.

Цел

Пеќската лига имала слични амбиции како Призренската лига односно обединување на сите вилаети каде живее албанско население во еден поголем вилает со поголема автономија. Освен Косовскиот, Скадарскиот, Битолскиот и Јанинскиот вилает, Пеќската лига се залагала за вклучување во својот состав и на Солунскиот вилает.

Во својот допис до Абдул Хамид II делегатите додале дека: се спремни да ја бранаат својата земја до последен дух се загрижени што во Македонија разни банди го загрозуваат јавниот ред и безбедност 15.000 се спремни да војуваат против напаѓачите на албанските домови во секоја каза постои централен комитет кои заедно со исламските комитети се спремни за мобилизација на силите комитетите се спремни да соработуваат со османлиските власти нема да се мешаат во државните работи на империјата конфликтот може да се прошири во останатите вилаети каде живее албанско население.

Распуштање

Лигата својата дејност ја завршила во 1900 година по вооружениот судир со османлиските сили. Зека бил убиен од страна на српски агент во 1902 годинаBep Jubani et al., Historia e popullit shqiptar: për shkollat e mesme (Libri Shkollor: Pristina, 2002) 182-185..

Наводи

Категорија:Историја на Косово Категорија:Отоманска Србија Категорија:Албанска преродба Категорија:Албански револуционерни организации Категорија:Косовски Вилает