Црниот клукајдрвец (Dryocopus martius) е голем клукајдрвец кој живее во северните шуми на палеарктикот. Тој е единствен претставник од неговиот ред во тој предел. Неговата распостранетост се шири во Евроазија. Овој вид не е птица преселница. Овој вид е сличен со северноамериканскиот Dryocopus pileatus со кого имаат сличен начин на живот, односно споделуваат иста еколошка ниша. Црниот клукајдрвец го има и во Македонија.
Распространетост
Црниот клукајдрвец се распространува од источна Франција преку цела Европа, влучувајќи ги и Велика Британија и сервена Скандинавија. Го има и во делови од Азија, вклучувајќи ги и Кореја, Јапонија и Кина, и во Средниот Исток, вклучувајќи ги и Иран и Казахстан. Јужните граници на распространетост на овие клукајдрвци се во Шпанија и Италија, и исто така е познат како посетител во Португалија.Peterson, R.T., Mountfort, G. and Hollom, P.A.D. (1993) Collins Field Guide: Birds of Britain and Europe. HarperCollins Publishers, London.
Опис Црниот клукајдрвец е долг од 45 до 55 см, со распон на крилата од 64 до 84 см.http://www.avibirds.com/euhtml/Black_Woodpecker.htmlWoodpeckers: An Identification Guide to the Woodpeckers of the World by Hans Winkler, David A. Christie & David Nurney. Houghton Mifflin (1995), ISBN 978-0395720431 Тежи просечно од 250 до 400 грама.Brazil, M. (2009) Field Guide to the Birds of East Asia: Eastern China, Taiwan, Korea, Japan and Eastern Russia. A&C Black, London. Покрај овие основни мерки, крилото му е долго од 22.7 до 26 см, опашката од 15.9 до 17.3 см, а клунот му е многу долг од 5 до 6.7 см и торзото му е од 3.6 до 4 см. Црниот клукајдрвец е најголем од својот вид.http://woodpeckersofeurope.info/?q=black_woodpecker Перјето на овој клукајдрвец голем речиси колку чавка, е целосно црно, освен црвената круна на главата. Кај мажјаците целата круна е црвена, а кај женките само врвовите од круната се црвени и сето друго е црно. Продорните жолти очи и манијакалните пискави крици што ги испушта, го прават овој клукајдрвец негативен лик во бајките. Гласот му е многу впечатлив и содржи два различни тона. Едниот е краток, висок, гласен свиреж „криии-крии-крии“ кој го прави двапати по ред; а вториот како чкрипење при пролетување со крилјата. За разлика од другите клукајдрвци, црниот нема елегантен лет со возвишување и спуштање, туку лета како да е несигурен, со често замавнување со крилјата и испружена глава.
Живеалиште
Црниот клукајдрвец живее во шумските региони, вклучувајќи ги иглолисните, тропските шуми, суптропските и пределите на тајгата. Можно е да се појави и во шумите во близина на човечките домови вон сезона на парење. Може да се сретне од 100 до 2400 метри надморска височина.
Поведение и гнездење
Клукајдрвецот се храни така што го користи клунот како чекан за од мртвите стебла да ги извлече мравките и другите дрвни инсекти. Како и сите клукајдрвци, овој вид има специфично прилагоден врат со силни мускули, што му овозможува да се пробие низ гранката. Поради големината на неговиот клун тој може да го улови пленот во внатрешноста на дрвото. За да застане убаво, има кратки, набиени нозе, долги остри канџи и многу цврсти пердуви на опашката. Тој почесто избира дрва со габични заболувања, со, на пример, гниење на срцевината, но може да одбере и здраво дрво. Кога ќе направи дупка, клукајдрвецот клука надолу по стеблото, создава мали комори поврзани со вдлабнати линии од неговото копање. Дупките што ги прави црниот клукајдрвец стануваат домови за многу птици и цицачи, и затоа се смета за клучна алка во животот на многумина од неговиот ред. Тој не само што прави живеалишта за други видови, исто така ја контролира популацијата на инсектите што живеат во дрвата, на тој начин помагајќи да се заштитат.Gorman, G. (2008) Central and Eastern European Wildlife. Bradt Travel Guides, Buckshire.
Кога гнездото ќе биде готово, женките несат од две до девет јајца, а просечно несат од четири до шест. Клукајдрвците обично прават гнезда во топола или бор. Парот се менува при лежењето на јајцата, како и при хранењето и чувањето на младенчињата. Малечките често се борат да излезат први од гнездото за побрзо да бидат нахранети. По 18 до 35 дена малите црни клукајдрвчиња ќе го напуштат гнездото, останувајќи со родителите уште една недела.
Наводи
Gorman, Gerard (2004): Woodpeckers of Europe: A Study of the European Picidae. Bruce Coleman, UK. ISBN 1-872842-05-4. Gorman, Gerard (2011): The Black Woodpecker: A monograph on Dryocopus martius. Lynx Edicions, Barcelona. ISBN 978-84-96553-79-8.
Категорија:Клукајдрвци Категорија:Птици на Македонија Категорија:Животински таксони опишани од Карл Линеј